fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Законските измени за недела да биде неработен ден, месецов на владина седница

Владата ги подготви законските измени кои ја дефинираат недела како неработен ден.

Владата ги подготви законските измени кои ја дефинираат недела како неработен ден. Прецизирани се дејностите во кои неделниот одмор може да се замени и со друг работен ден и тие по проценките се неопходни за нормално функционирање на општеството. Измените предвидуваат за 50 проценти поголема дневница и слободен ден за тие што ќе работат во недела, а се дел од овие дејности, како и 100 отсто поголема дневница и слободен ден за за оние кои ќе работат во несуштинските дејности, што е регулирано со Законот за трговија. Со оглед на тоа што законски утврдените консултации завршија, се очекува уште овој месец измените да се најдат на владина седница.

Од Владата посочуваат дека со ова се врши усогласување на приватниот и професионалниот живот на работниците. Тоа велат ќе резултира со поголемо задоволство на работниците и зголемена мотивираност во работењето, што понатаму ќе придонесе за поголема продуктивност, подобри економските резултати на работодавачите, а со тоа и на работниците. Синдикатите не се согласуваат во целост со ова решение и бараат поголеми заштитни механизми. Работодавачите сметаат дека решението е добар компромис, до кој се дошло по подолги разговори меѓу социјалните партнери.

Претседателот на организацијата на работодавачи Ангел Димитров вели дека овие законски измени биле разгледувани подолг период, а подолга расправа имало и на Економско-социјалниот совет. Ова решение, според него, е балансирано и ги унапредува работничките права. Сепак, во истовреме, нагласува, мора да се води сметка за доследна примена на тоа што ќе биде донесено.https://nezavisen.mk/zakonskite-izmeni-za-nedela-da-bide-neraboten-den-mesecov-na-vladina-sednica/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close