fbpx
Вести

Закуп на државно земјоделско земјиште

Овој петок завршува рокот за поднесување на понудите за закуп на 900 хектари државно земјоделско земјиште во Свети Николе. Огласот е наменет за земјоделско производство и за рибници. Парцелите се поголеми од 3 хектари, a изборот на закупецот е по пат на електронско јавно наддавање.

900 хектари државно земјоделско земјиште од некогашниот комбинат Џумајлија во околината Свети Николските села се нудат под закуп. Времетраењето за користење на земјиштето е различно.

Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, површините ќе ги добијат за период од 15 до 70 години.

Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на огласот.

На јавниот оглас секој понудувачот треба да достави само еден образец, а може да аплицира за една, две или за повеќе парцели.

Почетната цена е во зависност од големината на земјиштето и се движи од 2.300 до 20.600 евра.

Огласот ќе трае до 29 јуни, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавање.

 


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close