Залагањето на Николовски ќе доведе до брза и ефикасна реализација на ИПА

(Oвој напис е објавен на: February 23, 2018)

ipa

Во текот на вчерашниот ден, се одржа редовен работен состанок на министерот Љупчо Николовски, со раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини и со директорите на Платежната агенција и Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и Зоран Атанасов.

Се разгледаа сите отворени прашања поврзани со #ИПА проектите во делот на земјоделството, руралниот развој и безбедноста на храна, со цел брза и ефикасна реализација.