вестиТоп вести

Залихите исцрпени: Поради короната се заканува недостиг на кафе?

Епидемијата на коронавирус во Јужна Америка може да доведе до недостиг на кафе, објави агенцијата Bloomberg.

Поради намаленото работно време, затворањето на банките, потешкотиите во превозот и стравот на вработените од зараза, може да се случи едноставно да нема доволно луѓе за берба на зрна кафе. Ова особено се однесува на Колумбија, Бразил и Перу, кои сочинуваат скоро две третини од светското производство на зрното кафе арабика.

Бербата би требало да започне следниот месец, иако многу работници ги напуштаат плантажите, поради големата веројатност да бидат заразени со коронавирус, и истовремено ниските плати.

Претходно се предвидуваше дека обемот на производство нема да биде во состојба да ја задоволи побарувачката и дека ќе мора да се искористат минатогодишните резерви. Меѓутоа, порастот на побарувачка за кафе ширум светот доведе до тоа залихите да се речиси исцрпени.

На пазарот веќе се очекуваат повисоки цени на кафе. Вредноста на фјучерсите на арабиката скокнаа минатиот месец за 16 проценти – до 130 долари за вреќа кафе од 100 фунти (околу 45 килограми).


 

denar.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close