fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Дабјани стана вториот проект за консолидација на земјоделско земјиште во државата

Станува збор за 742 хектари (ха) земјоделско земјиште, во сопственост на 85 приватни сопственици на земјиште (435 ха) и на државата (307 ха).

Собранието на учесници во консолидација на земјоделско земјиште од село Дабјани (Општина Долнени) со мнозинство гласови од сопствениците го усвои Планот за распределба на земјоделското земјиште во Дабјани – со што Дабјани стана вториот проект за консолидација на земјоделско земјиште во државата по принципот на распределба со промена на границите. Ова е уште едно клучно достигнување во рамки на проектот финансиран од Европската унија – МАИНЛАНД, кој е ко-финансиран  од Организацијата за храна и земјоделство при Обединети нации (ФАО) и се спроведува во тесна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Дабјани е најголемото активно консолидационо подрачје во Северна Македонија. Станува збор за 742 хектари (ха) земјоделско земјиште, во сопственост на 85 приватни сопственици на земјиште (435 ха) и на државата (307 ха). Во процесот на прераспределба на земјиштето поддржан од проектот МАИНЛАНД, бројот на земјишни парцели во Дабјани е намален за речиси пет пати – од 602 на 127 парцели. Новоформираните парцели се со правилна форма, со просечна големина од 5,84 ха, споредено со само 1,23 ха пред консолидацијата на земјиштето и како такви овозможуваат поефикасни земјоделски практики.

 

По усвојувањето на Планот за распределба на земјиштето за Дабјани, процесот на регистрација на ново-формираните земјишни парцели во Катастарот на недвижности ќе започне во периодот февруари-март 2022 година, заедно со обележување на ново-формираните парцели на терен. Последниот чекор во процесот на консолидација на земјиштето во Дабјани – подобрувања на земјоделската инфраструктура, вклучувајќи рехабилитација на постојните и изградба на нови пристапни патишта во консолидационата област, се очекува да биде финализиран во 2022 година, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close