fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Замрзнато месо, млечни производи – Изречени 23 парични казни на продавници за храна

АХВ регистрираше пропусти

Сто деведесет и два вонредни надзора во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ). Притоа, за утврдени недостатоци се издадени вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни.

Според АХВ, уништени се триесеттина килограми небезбедни производи (замрзнато месо, млечни производи, преработки од месо) и над 66 литри јогурт.

-Контролирана беше исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствени барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите. Со контролите утврдено е дека 12 од нив воопшто не биле регистрирани во Агенцијата како оператори со храна, во 9 објекти вработените лица немале извршено задолжителни здравствени прегледи, кај исто толкав број оператори, не задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната, информира АХВ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close