вести

Вкупно 1.250 земјоделци од Крива Паланка и Ранковце аплицирале за субвенции

Во подрачните единици  на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Крива Паланка, се поднесени 1.250 барања за директни плаќања на земјоделците од општините Крива Паланка и Ранковце.
vkupno 1250 zemjodelci od kriva palanka i rankovce aplicirale za subvencii
– До истекување на рокот за пријавување субвенции кој траеше до 30 јуни, беа поднесени 1.250 барања за растително и сточарско производство што е приближна бројка на поднесените барања лани, изјави Влатко Ристовски, советник во стручната канцеларија на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.
Околу 94 млекопроизводители, рече, поднеле барања за субвенции за произведено и продадено млеко во првите четири месеци од 2016 година.
Во Крива Паланка се регистрирани 1350 земјоделци.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close