вести

Започна предвремениот откуп на тутунот, производителите очекуваат добри цени

 

 

zapochna predvremeniot otkup na tutunot proizvoditelite ochekuvaat dobri ceni

Две од вкупно десетте откупни компании кои имаат лиценца за откуп, „Кавекс – Балкан” во Неготино, од вчера, и „Сокотаб – Битола”, од денеска, согласно Законот за тутун, започнаа со предвремениот откуп на тутунот од годинашната реколта. Тутунопроизводителите задоволни се од годинашниот квантитет и квалитет на родот, заради што оптимистички очекуваат дека просечната откупна цена ќе се движи околу 200 денари за килограм тутун.

Редовниот откуп на тутунот од годинашнава реколта, законски, започнува најдоцна на 15-ти декември. Годинава, родот тежи околу 20 илјади тони, а според договореното, откупувачите побаруваат 26 илјади тони, состојба која индиректно укажува на можноста тутунопроизводителите да очекуваат и повисоки откупни цени од ланските.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close