Започна со работа општинската комисија за проценка на штети од пролетните мразеви
Седумдесет и девет земјоделци од општина Кавадарци пријавиле штета на лозовите и овошните насади од пролетните мразеви. Поднесените барања за претрпената штета ќе ги разгледува општинската комисија која веќе започна со работа.
Најмногу пријави, 44 има од земјоделците чии површини се наоѓаат во атарот на селото Сопот. Вкупно 44 барања за увид на самото место. 22 барања се однесуваа на површини во атарот на селото Раец, а 6 барања се однесуваа за атарот на село Фариш. До Општината пристигнаа и барања за увид на оштетени насади и во атарите на селата Бегниште, Марена, Глишиќ и Шивец – информираа од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.
Почнувајќи од денеска Општинската Комисија во состав: Васко Керов-агроном експет-претседател, потоа Зоран Јованчев, Влатко Клинчаров и Слободан Ивановски сите членови на Советот, како и Ванчо Колевки претставник од Општината ќе бидат присутни на теренот. Тие на самото место ќе вршат проценка на штетите од пролетните мразеви на сите пријавени имоти.
Се очекува проценката да се одвива во наредните седум дена, по што комисијата ќе изготви елаборат кој потоа ќе го достави на увид и усвојување на Советот на Општина Кавадарци.
По завршувањето на оваа постапка општината усвоените проценки ќе ги достави до Министерството за Финансии