fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Започна изградбата на пречистителна станица за вода за пиење во општина Карбинци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Димковски објасни дека оваа пречистителна станица е дел од повеќенаменски проект, хидросистемот Злетовица и дека со приклучување на Општина Карбинци трајно се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, особено во летниот период, бидејќи досега населението од оваа општина досега со воза за пиење се снабдуваше со вода за пиење преку локални бунари.

„Објектот е лоциран во месноста наречена Висок Рид во Општина Карбинци, односно помеѓу населбите Карбинци, Козјак и Радање. Со изградбата ќе се овозможи непречено снабдување со вода за пиење во населените места Карбинци, Козјак, Аргулица, Црвулево, Таринци, Долни Балван, Нов Караорман и Радање, во кои живеат околу 3.000 жители или 75% од вкупниот број на жителите на Општина Карбинци“, објасни министерот Димковски.

Министерот Димковски истакна дека овој е проект е 105,3 милиони евра, пари кои се обезбедени преку буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Обезбедувањето на квалитетни услови за живот меѓу кои најважно е обезбедувањето на чиста вода за пиење во секоја општина, е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Токму повеќенаменскиот проект Злетовица, на којшто интензивно работиме ќе ја подобри лошата состојба со водоснабдување во североисточниот дел на државата, но со дел од фазите на коишто се работи, ќе овозможи и зголемување на наводнуваните земјоделски површини“, потенцираше министерот Димковски.

Слични написи

Back to top button
Close