fbpx
ВестиСовети

Седум иновативни машини кои ја забрзуваат бербата на овошјето и зеленчукот

Во недостаток на работна сила за берба, сортирање како и за другите процеси при обработката на овошјето и зеленчукот, направени се машини, кои помагаат во истите. Ви претставуваме седум машини со кои бербата станува лесна и брза.

  1. Agrobot за берба на јагоди – 24 „раце“ на овој робот со помош на камера ја собираат секоја поединечна јагода и ја подготвуваат во сандаци. Јагодата ја собираат врз основа на нејзиниот облик и боја. Оваа машина може да собере една јагода на секои пет секунди.
  2. TomatoTekе машина за берба на домати, кои ги пренесува преку транспортни траки. Занимливо за оваа машина е оптичкото сортирање на доматите, каде автомаски се одделуваат зелените од црвените плодови. Оваа машина може да собере повеќе од 4000 метри квадратни во денот.
  3. Moty KE 3000 – машина која собира тикви со помош на шилци. Секоја тиква ја закачува голем валјак, така што се одделуваат семките, додека остатокот се одделува на страна.
  4. Dewulfе машина за вадење моркови – троредна машина, која ги зафаќа лисјата на морковот, а потоа го вади. Посебните каиши ги чистат морковите од остатокот на земја, а со тоа се одделуваат и лисјата од коренот.
  5. Expand R5090- машина за лесна берба на маслинки. Се состои од голема церада, со која се обложува земјиштето околу стеблото, а потоа Pellenc Buggy 5000 Shaker го тресе стеблото, како би се овозможило плодовите да паднат на церадата. Оваа машина може да собере до 1200 стебла маслинки дневно.
  6. Quickcut е собирач на зелен лиснат зеленчук. Оваа машина се движи едноставно со помош на работата на дупчалки, кои ја вртат шипката на која се наоѓаат висечки конопи кои ги откинуваат зеленчуковите лисја. Со помош на оваа машина бербата на зеленчукот е до три пати побрза во споредба со класичното, рачно берење.
  7. Tomra  е уред за сортирање – машина која користи сензори за мали плодови, како на пример грашок. Моше да врши сортирање на плодовите врз база на големината, бојата или оштетувањата.

 

Како изгледаат машините при работата, погледнете во видео прилогот.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close