fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Тутунските компани ја уништуваат желбата за производство на тутун кај тутунарите

Тутунарите повеќе не работат за џабе и ако не сака државата и откупувачите ова да го сфатат тогаш на младиот земјоделец не му преостанува ништо друго освен да си ја бара среќата по „белиот“ свет, стои во рекација на Игор Мирчески за Зелена берза.

Игор Мирчески, координаторот на новоформираните тутунски здруженија регира на веста дека домашните тутунски компании вртат над 100 милиони вера годишно од реколта.

Официјалните податоци покажуваат дека приходот на најголемите пет тутунски компании лани надминува 100 милиони евра. Најголем дел од овие приходи се остварени од извоз.

https://zelenaberza.com.mk/koi-se-najgolemite-pet-domashni-tutunski-kompanii-vrtat-nad-100-milioni-evra/

Мирчески реагира-

Машала за аирлија да се трошат!!!

Кога тутунарите протестираа и предупредуваа на ова, МЗШВ беше глуво на нашите барања и не етикетираше дека сме партиски мотивирани, но од друга страна им дозволи на домашните тутунски компани да остварат приход од над 100 милиони евра во изминатата година и тоа во ситуација кога ги убедуваа тутунарите дека нема пласман и интерес за тутунот, а тутунарите повторно заради ниските откупни цени останаа со празни џебови и со просечната цена која што се постигна не можеа да ги покријат ниту трошоците за производство. Само овој факт како и желбата за екстра профит на компаните во последните неколку реколти со непокачувањето на цените по класи покажува дека полека, но сигурно компаниите ја уништуваат желбата за производство на тутун кај тутунарите и со тоа стануваат директни учесници заедно со лошата земјоделска политика на државата во уништувањето на оваа важна стратешка култура. Затоа слободно може да се рече дека оваа година ќе биде пресудна за тоа дали тутунот и во иднина ќе продолжи да се одгледува на македонските полиња, или како и афионот ќе замине во историјата.

А дали ќе преовлада желбата за екстра профит или паметот за долгорочно производство на тутунот останува да видиме. Но, едно е сигурно, тутунарите повеќе не работат за џабе и ако не сака државата и откупувачите ова да го сфатат тогаш на младиот земјоделец не му преостанува ништо друго освен да си ја бара среќата по „белиот“ свет, стои во рекација на Игор Мирчески за Зелена берза.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close