Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Запрен увоз на сливи од Македонија, откриен пестицид опасен за децата
Утврдено е присуството на инсектицидот хлорпирифос кај свежите сливи.
Спречен е увозот на сливи од Македонија поради присуство на забранет пестицид кој е особено штетен по здравјето на децата, пренесе Дневник.хр.
Утврдено е присуството на инсектицидот хлорпирифос кај свежите сливи. Активните супстанции хлорпирифос и хлорпирифос-метил се забранети во ЕУ веќе три години, но во многу земји надвор од ЕУ овој исклучително ефикасен инсектицид сè уште се користи легално.
Во средата европскиот систем за брзо предупредување за сообраќај со храна извести дека свежите македонски сливи ќе му бидат вратени од хрватската граница на испраќачот или ќе бидат безопасно уништени, пишува Даница.хр.