вестиСоветиТоп вести

Засадете си домашни органски ШЕРИ домати на вашата тераса!

Шери доматите потекнуваат од Јужна Америка. Тие се важен дел од многу кујни во светот, на овие наши простори, најмногу се користат во медитерантската.

Богати се со многу витамини и минерали, а богати се и со многу каротеноиди, еден од најважните извори за Ликопен.

За да уживате во придобивките од овие домати, не мора да имате своја градина. Доматите совршено може да ги одгледате и на вашата тераса.

Мај е вистинското време за нивно садење. За почеток, на доматите ќе им  треба многу сонце, минимум 6-8 часа на ден – затоа, балкон со ориентација кон југ или југозапад е идеален за одгледување на шери доматите.

Внимателно изберете сад во кој ќе се засади растението. Теглата, пластичната кутија или сад од дрво, треба да бидат длабоки минимум 20 до 25 сантиметри.

На дното од садот ставете парченца тули, крупен песок, или камчиња, а на дното направете отвори, со што ќе обезбедите соодветна дренажа, за растението да не скапе.

На почетниците им се советува да купат расад. Обратете внимание, расадите да бидат со дебелина од 1 сантиметар и висина од околу 20 до 25 сантиметри.

Садот наполнете го со квалитетна хумусна земја и ставете го расадот заедно со неговата земја.

До стеблото, ставете потпора, за понатаму растението да може да се фиксира.

Доколку се одлучите, шери доматите да ги садите од семки, морате да им овозможите топлина, особено навечер. Најдобро место за чување на саксиите во рана пролет, кога ноќите се сеуште студени, се прозорите над грејните тела.

Доматите редовно залевајте ги со вода, но не претерувајте. Само толку, колку земјата да биде влажна.

Доматите сакаат органско ѓубриво, а добра домашна варијанта за ѓубре би било мешавина од лушпи од јајца и кафе!

 

Извор: НМД

Слични написи

Back to top button
Close