fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Заштита и прихрана на расад од градинарски култури

Подготвил: м-р Васко Манев

Градинарските култури најчесто се одгледуваат со производство на расад. Во производството на расад од градинарски култури се јавуваат неколку фитопатогени болести, кои доколку не се преземат соодветни мерки за нивна контрола, може да предизвикаат големи загуби. Како најзначајна болест која ги паразитира младите растенија е причинителот на полегнување на расадот, палеж на клианците и трулеж на семето, Pythium sp.. Почетните симптомите на заразените растенија се во вид на воденести дамки, кои брзо се прошируваат, заразените клетки угинуваат и целото растение пропаѓа брзо после никнењето. До инфекција на растенијата најчесто доаѓа преку коренот или стеблото под површината на почвата. Заразениот дел на стеблото е потанок од здравиот што доведува до механичко слабеење и полегнување на растенијата. Покрај видовите од родот Pythium, многу често во производството на расад од градинарски култури, видовите од родот Phytophtora може да бидат причинители на полегнување, пропаѓање и угинување на младите растенија. За сузбивање на овие две болести препорачуваме примена на еден од фунгицидите PROMESS (propamocarb-hydrochlorid 722 g/L), PREVICUR ENERGY (propamocarb 530 g/L + fosetyl-al 310 g/L), или AXIDOR (propamocarb-hydrochloridе 400 g/L+cymoxanil 50 g/L).

PPREVICUR ENERGY е системичен фунгицид, кој благодарение на двете активни материи делува на повеќе места во циклусот на развојот на габите. Propamocarb го спречува формирањето на клеточните мембрани, растот на мицелијата како и продукцијата и р’тењето на спорите. Fosetil-al се одликува со двоен ефект:

1.Директен ефект, при превентивна примена ја спречува инфекцијата на растенијата инхибирајќи го р’тењето на спорите и на тој начин го спречува продорот на патогенот во растенијата.

  1. Индиректен ефект, го потикнува природниот одбранбен механизам, го зголемува имунитетот и ги прави растенијата отпорни од напад на болести. Покрај тоа, го стимулира развојот на кореновиот систем, растот, развојот и продукцијата на растенијата. PREVICUR ENEGY се применува со залевање на растенијата во доза 3 ml/m2 во 2 L вода, а најдобар ефект се постигнува кога се користи во две блок третирања.

Покрај Pythium sp. и Phytophtora sp. постојат и други фитопатогени габи кои може да предизвикаат полегнување и гниење на младите растенија. Тоа се Botritys cinerea, Macrophomina phaseolina, Rhizoctonia solani, Fusarium sp.. Заради проширување на спектарот на делување и кон овие фитопатогени габи, препорачуваме употреба на фунгицидот SIGNUM 33 WG (pyraclostrobin 67 g/kg  + boscalid 267 g/kg).

За целосна контрола на болестите во производството на расад од градинарски култури препорачуваме залевање на растенијата со комбинација помеѓу фунгицидите PROMESS 0,25% + SIGNUM 33WG 0,1%;  PREVICUR ENERGY 0,3% или AXIDOR 0,3% + SIGNUM 33 WG 0,1%. Притоа, за ефикасна контрола на овие болести потребни се 2 до 3 залевања со наведените фунгициди. Првото залевање е потребно да се направи после сеидбата на семето, второто кога ќе се појави првиот вистински лист, и третото пред расадување на растенијата на постојано место.

Штетните инсекти може да ги нападнат градинарските култури уште при производството на расад. Од штетните инсекти, во производството на расад од најголемо значење се лисните вошки, белокрилки, трипси и гасеници на пеперутки. За сузбивање на лисните вошки и белокрилките препорачуваме примена на еден од инсектицидите CLOSER 120 SC (sulfoxaflor 120 g/L) или TEPPEKI 500 WG (flonicamid 500 g/kg),  додека за сузбивање на трипсите и гасениците на пеперутки инсектицидот SPINTOR 240 SC (spinosad 240 g/L) кој е дозволен за примена и во органско производство, или POLUX (delthametrin 25 g/L). За целосна контрола на штетните инсекти во производството на расад препорачуваме комбинација помеѓу инсектицидите CLOSER 120 SC 0,04% + SPINTOR 240 SC 0,05% или TEPPEKI 500 WG 0,014% + SPINTOR 240 SC 0,05%. Притоа инсектицидите се применуваат фолијарно, со прскање.

Во случај на производство на расад во топли леи, односно кога не се користи стерилен субстрат, за сузбивање на плевели во леите за производство на расад го препорачуваме хербицидот DEVRINOL (napropamide 450 g/L) кој е селективен хербицид наменет за сузбивање на широколисни и теснолисни плевели. Се применува после сеидба пред никнење со прскање на површината во доза од 50 ml на 100 m2.

За прихрана на младите растенија го препорачуваме биостимулаторот GOTEO. Во својот состав содржи екстракт од морската алга Ascophylum nodosum, 13% фосфор и 5% калиум. Предностите од примената на овој биостимулатор се повеќекратни, и тоа подобро вкоренување на растенијата, подобар развој на кореновиот систем со што се подобрува усвојувањето на водата и хранливите материи, брз пораст на надземниот дел на растението и поголема отпорност на неповолни временски услови. GOTEO може да се меша со фунгициди и инсектицид, и наша препорака е да се применува со залевање заедно со фунгицидите, и тоа: GOTEO 0,4% + PROMESS 0,25% + SIGNUM 33 WG 0,1% или GOTEO 0,4% + AXIDOR 0,3% + SIGNUM 33 WG 0,1%.

После расадувањето на младите растенија, потребно е да се продолжи со заштита од болести и штетници. За сузбивање на болестите после расадување препорачуваме комбинација од фунгицидите VALIS PLUS (valifenalate 60 g/kg + bakar hidroxid 150 g/kg + bakar oksihlorid 150 g/kg)  + SIGNUM 33 WG или SERCADIS PLUS (fluxapyroxad 75 g/L +difenoconazole 50 g/L), а за сузбивање на штетните инсекти SPINTOR 240 SC + CLOSER 120 SC.

 

 

 

 

 

 

Заштита од болести + прихрана Заштита од штетни инсекти
 

PROMESS 25 ml/10 L вода

или

PREVICUR ENERGY 30 ml/10 L вода (се користи самостојно)

или

AXIDOR 30 ml/10L вода

+

SIGNUM 33 WG 10g/10 L вода

+

GOTEO 40 ml/10 L вода

 

(примена со залевање)

 

CLOSER 120 SC 4 ml/10 L вода

или

TEPPEKI 500 WG 1,4 g/10 L вода

+

SPINTOR 240 SC 5 ml/10 L вода

или

POLUX 5 ml/10 L вода

 

(фолијарна примена, со прскање)

Сузбивање на широколисни и теснолисни плевели во леите за производство на расад:

DEVRINOL (napropamide) 50 ml на 100 m2

 

Заштита од болести и штетници после расадување

 

VALIS PLUS   25 g/10 L вода

+

SIGNUM 33 WG 15 g/ 10 L вода или SERCADIS PLUS  10 ml/10 L вода

+

SPINTOR 240 SC 5 ml/10 L вода

+

CLOSER 120 SC 4 ml/10 L вода

 

 

Подготвил: м-р Васко Манев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close