вестиМакедонијаСоветиТоп вести

Заштита на градинарските култури од болести

Во текот на летниот период е актуелно производството на градинарски култури на отворено и во затворен простор. Променливото време кое го имавме во текот на месец јули создаде услови за развој на причинителите на болести во градинарските култури. Како најзначајни болести кај овие култури се причинителот на пламеница, пепелница, црна дамкавост и сиво гниење. Притоа, сузбивањето на овие болести со примена на фунгициди е најефикасно кога тоа се врши превентивно, пред појавата на симптомите на болеста.

За сузбивање на причинителот на пламеница на доматот го препорачуваме фунгицидот AXIDOR (propamocarb-hidrochloride 400 g/l + cymoxanil 50 g/l) во доза од 2,5 L/ha или VALIS PLUS (valifenalate 60 g/kg + bakar hydroksid 150 g/kg + bakar oxyhlorid 150 g/kg) во доза од 2,5 kg/ha, а за сузбивање на причинителот на сиво гниење, пепелница и црна дамкавост го препорачуваме фунгицидот SIGNUM 33 WG (boscalid 267 g/kg + pyraclostrobin 67 g/kg), во доза од 1 до 1,5 kg/ha или FONTELIS (penthiopyrad 200 g/l) во доза од 2 L/ha.

За сузбивање на причинителот на пламеница во пиперката препорачуваме PROFILUX (cymoxanil 45 g/kg + mancozeb 680 g/kg) 2,5 kg/ha, VALIS PLUS 2,5 kg/ha или RANMAN TOP (cyazofamid) 0,5 L/ha, а за сузбивање на пепелница, црна дамкавост и сиво гниење SIGNUM 33 WG во доза од 1 до 1,5 kg/ha или FONTELIS 2 L/ha.

Во краставицата и корнишонот за сузбивање на пламеница препорачуваме PROFILUX во доза од 2,5 kg/ha или RANMAN TOP 0,5 L/ha,  додека за сузбивање на пепелница препорачуваме SIGNUM 33 WG 1 kg/ha, EMINENT 125 ME (tetraconazole) 0,4 L/ha или FONTELIS (penthiopyrad 200 g/l) во доза од 2 L/ha.

 

Подготвил: м-р Васко Манев

Слични написи

Back to top button
Close