fbpx
ВестиТоп вести

Заштита на праска, нектарина, вишна, цреша и слива до прецветување

 

Во Македонија според државниот завод за статистика годишното производство на праски е околу 12 000 тони, цреши – 5500, вишни – 8000, сливи – 33 500 тони. Во првиот дел од вегетацијата на коскестите овошни видови, односно во периодот од отворање на пупките па се до завршување на цветањето, производителите во заштитата на овие овошни видови треба да обратат внимание на пред се на причинителите на заболувања. Меѓу причинителите на габни заболувања кај коскестите овошни видови, секоја година со различен интензитет се јавуваат:

  • Кадравост на листовите од праска (Taphrina deformans)
  • Сушење на цветовите, гранките и гранчињата и гниење на плодовите (Monilinialaxa, Moniliniafructigena, Moniliniafructicola)
  • Пепелница кај праска (Sphaerothecapannosa var. persicae)
  • Blumeriellajapii – Дамкавост на листовите кај црешата и вишната (сипаница)
  • Stigminacarpophila – Шупликавост на листовите кај коскестите видови (сачменка)

 

Во зависност од условите за развој на одредени болести и штетници, просечно за бројот на третирања во праската и нектарината се движи од 8 – 10. Причинителите на заболувања од родот Taphrina spp., кај сите коскести овошни видови причинуваат штети, меѓутоа праската и нектарината се особено осетливи на причинителот на кадравост на листовите (Taphrina deformans). Заедничко за сите причинители од родот Taphrina spp. e нивниот прекриен развој во текот на целата година, стадиум кој е невидлив за човековото око и нештетен за растението, тн. “сапрофитски стадиум” на површината од дрвото (родни гранки и гранчиња). Во периодот на бабрење и отворање на пупките, започнува и паразитскиот стадиум на габата. Taphrina deformans, остварува примарни инфекции на температура од 3-21ºC. Овој патоген предизвикува промени во порастот и формирањето на нови клетки, поради што заболените листови се деформирани (кадрави) и често бојата им се менува во црвена. Посредните штети од овој патоген може да бидат големи затоа што повремениот губиток на листови и нивната слаба асимилациона моќ, негативно влијаат на формирањето на пупки и припремата на ластарите за презимување, поради што ваквите растенија се подложни на измрзнување.За успешно сузбивање на овој причинител, се препорачува примена на бакарни фунгициди особено во хидроксидна форма (Funguran OH – 3 kg/ha, CopernicoHiBio – 2,5 kg/ha), во фаза на опаѓање на листовите и непосредно пред почеток на вегетација.Меѓутоа од клучно значење за сузбивање на овој патоген е периодот кога ги остварува примарните инфекции т.е. отворање на пупките до формирање на првите листови. Голем број на научни истражувања покажале дека активната материја дитианон (Alcoban), е најдоброто решение за овој патоген.

Причинителот на сушење на цветовите, гранките и гранчината (Monilinialaxa) е сериозен патоген во производството. Се јавува секоја година, а во зависност од условите за развој на овој патоген и мерките за заштита, може да причини големи штети. Најголеми штети причинува во фенофаза на цветање и веднаш по цветање. Оваа габа може да се развива на температура од 0 – 35 oC. Всушност цветните делови се нападнати веднаш по нивното отворање. Инфекцијата се остварува преку жигот и толчникот, но ги напаѓа чашкините и венечните ливчиња. Од предходната година во Р, Македонија кај коскестите овошни видови е утврдено и присуството на патогенот Moniliniafructicola, станува збор за патоген кој е карантински во голем број земји од ЕУ. Карактеристично за овој патоген е тоа што конидиите р’тат на температура од 0 – 35 0C, а за да оствари инфекција на цветовите потребно е влажење од 24 часа. Оваа габа има голем инфективен потенцијал, според некои истражувања доволно е само еден мумифициран плод да предизвикагниење на плодовите од целиот насад. Конидиите рано на пролет може да ги инфицираат цветовите а потоа и плодовите. Плодовите може да бидат инфицирани во текот на целиот нивен развој, колку плодовите се приближуваат до нивната зрелост толку истите се поосетливи на инфекции. При неповолни услови за развој, габата може да остане во латентна форма во цветовите или плодовите во текот на целата вегетација или се додека не се остварат поволни услови за продолжување на развојот. Иделен период за сузбивање на монилиозните заболувања е во фенофаза на цветање и веднаш по цветање,особено доколку има врнежи,  со фунгициди кои ги содржат активните материи: boscalid, pyraclostrobin, fenbuconzole, myclobutanil (Signum 33 WG, Bellis, Indar 5 EW, Systhane 20 EW).

Пепелницата (Sphaerothecapannosa var. persicae)редовно се јавува кај праска и нектарина. Обично ги напаѓа листовите и плодовите, а при јаки инфекции, симптоми од овој патоген може да се забележат и на цветовите и младите леторасти. На заразените листови, на опачината од листот, се развива беличеста превлака. При што листовите стануваат кадрави со свртени ивици према врвот. Добро исхранетите, бујни и наводнувани насади од праска и нектарина, а особено оние кои се лоцирани на депресивни терени се подложни на инфекции од овој патоген. Поради овие причини веднаш по цветање на треба да се изврши третирање за сузбивање на ова заболување. Одлична ефикасност во сузбивањето на пепелницата имаат: fluxapyroxad (Sercadis – 150 mL/ha), boscalid + pyraclostrobin (Collis – 300 mL/ha), tetraconazole (Eminent 125 ME – 250 mL/ha), myclobutanil (Systhane 20 EW – 300 mL/ha).

Blumeriellajapii – Дамкавост на листовите кај црешата и вишната (сипаница), во наши услови се јавува редовно секоја година, особено кај цреша и вишна, и често пати предизвикува предвремена дефолијација на растенијата. Кај вишната и црешата, се јавува веднаш по нивно цветање. Бидејќи предизвикува дефолијација, директно делува на формирањето на нови пупки за наредната вегетација. Идеален период за сузбивање на овој патоген е веднаш по цветање на вишната и црешата со примена на активната материја дитианон (Alcoban).

Како и кај сите овошни култури од клучно значење за добар почеток на производната година е таканареченото зимско или пролетно третирање кое во просек се изведува непосредно пред почеток на вегетацијата или во фенофаза на бабрење на пупките. Доколку предходната година била забележана појава на штитести вошки, препорака е на комбинацијата од бело масло (Агросал Биопротект) и бакарен фунгицид (Funguran OH) да се додаде и некој инсектицид од групата на пиретроиди, органофосфати или регулатори на пораст на инсектите (Fastac 10 EC, Polux, Reldan 22 EC, Harpun). Во фенофаза на зелен врв, покрај фунгицидот за сузбивање на причинителот на кадравост на листовите кај праска и нектарина (Alcoban), може да се додаде и инсектицид кој ја содржи активната материја пирипроксифен (Harpun) во доза од 1 L/ha, за сузбивање на штитестите вошки. Во фенофаза на цветање започнува и борбата со монилиозните заболувања, препорака е во овој период кај коскестите овошни видови да се извршат блок третмани со Signum 33 WG, а во фенофаза на прецветување или заврзување на плодови, бидејќи во овој период има идеални услови за развој на монилиозните заболувања, а притоа културата има доволно лисна маса, може да се примени и фунгицид од групата на триазоли (Indar 5EW, Systhane 20 EW)во комбинација со инсектицид (Closer 120 SC) за сузбивање на зелената праскова вошка (Myzuspersicae) кај праска и нектарина, за сузбивање на црната црешова вошка (Myzuscerasi)кај вишна и цреша. Кај вишна и цреша за сузбивање на Blumeriella japii – Дамкавост на листовите кај црешата и вишната (сипаница), веднаш по цветање примена на Alcobanво доза од 1 kg/ha.

Изготвил:

М-р Петковски Ефтим

Хемомак Пестициди ДООЕЛ – Велес.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close