fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Заштитете го младиот  грашок од  полжави со магдонос

 

Заштитете го младиот  грашок од  полжави со магдонос

Магдоносот е исклучително здравo и многу популарнo растение. Како заради неговата ароматична и специфична арома и вкус, со кои збогатува широк спектар на храна, нејзината многу висока содржина на витамин Ц, но и  со хранливи материи и минерали. Она што можеби не сте го знаеле за магдоносот, а што може да биде од голема помош во подготовките за почетокот на сезоната, е тоа што со помош на магдонос можете да ги заштитите младите садници од полжави.

 

Јануари е при крај, па подготовките за новата сезона и пролетното сеење на зеленчук полека се приближуваат. Ова е време кога се прават планови и буџети и се одлучува кои култури и на кои области да се одгледуваат следната сезона. Исто како што планираме да избереме култури и местото за садење  на време, исто така мора да размислиме за штетниците што можат да се појават и кои можат да ги намалат нашите приноси.Една од првите култури во сезоната е грашок.

Пролетната сеидба започнува уште кон средината на февруари, а можеби најголемиот проблем за земјоделците во производството на грашок е појавата на полжави. Полжавите  особено го обожаваат младиот грашок, така што понекогаш може да го уништи целото растение. Постојат неколку начини да ги задржите полжавите подалеку од вашата градина. Еден начин да се заштитите од полжави е да засадите магдонос во близина на грашок.

Магдоносот е мало зелено растение кое не бара многу простор, така што можете да го посеете секоја сезона околу градината. Ова ќе создаде еден зелен раб што ќе делува како заштита на зеленчукот што го имате во градината. Во раната пролет, младиот грашок може да биде особено оштетен од голи полжави. Полжавите можат да уништат цел насад од грашок за многу кратко време. Сепак, она што тие  не го толерираат се аромите на магдонос. Поради оваа причина, магдоносот  околу градината каде расте грашок ќе го намали потенцијалниот ризик од овие штетници.

Освен тоа, ќе имате магдонос во текот на целата година. Магдоносот толерира ниски температури и многу добро ги поднесува, па уште во април ќе испушти стеблата, што подоцна ќе создадат  цвет со семе. Можете да го зачувате семето и да го посеете следната сезона, а и да не го соберете , тоа само ќе расее. На овој начин, зелениот магдонос ќе ја заштити вашата градина од инсекти и полжави следната година, објавува агромедиа.рс.

Подготви: П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close