Завршен настан за проектот на ЕУ за новите ИПАРД-мерки
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера се одржа завршниот настан за ЕУ-проектот „Запознавање со новите ИПАРД-мерки (Лидер и советодавни сервиси)“.
Проектот се спроведуваше 18 месеци, со 908.750 евра поддршка од Европската Унија, а клучната цел беше ефикасно менаџирање и имплементирање на ИПАРД 2 програмата, како и подготовка на земјата-корисник за спроведување на лидер и советодавните сервиси.
Во рамки на проектот се реализираа и активности за институционално јакнење на Платежната и на Агенцијата за поддршка на руралниот развој.
Мерката ИПАРД Лидер поддржува поактивно учество на засегнатите страни во развојот на руралните средини и поуспешен пристап на фармерите до ЕУ-фондовите.
На настанот присуствуваа министерот за земјоделство Михаил Цветков, раководителот на економската секција при Делегацијата на ЕУ, Јаромир Левичек, како и проект-директорот Јачек Невјадонски.