fbpx
Вести

Заврши сезоната за наводнување од ХС „Брегалница“

Водостопанство на Македонија подружница „Брегалница“ од Кочани, ја заврши наводнителната сезона за полињата кои ги опфаќа системот во атарите на општините Виница, Кочани, Штип и Свети Николе.

Наводнителаната сеона според оценката на одговорните од Водостопанство „Брегалница“ Кочани е успешно завршена, без проблемни и дефекти во системот.

zavrshi sezonata za navodnuvanje od hs bregalnica

 

– Годинешната наводнителна сезона можам да истакнам дека е мошне успешно завршена. Ги сумираме резултатите од терен и истите се повеке од задоволителни. За прв пат наводнувањето го започнавме на 8 април со искористување на водите од реките Брегалница, Кочаснка, Зрновска и Оризарска, а од Хидросистемот водата беше пуштена по десниот магистрален канал на 20 април оваа година, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани.

Според Гоцев, на стартот на наводнителаната сезона во акумулацијата Калиманци биле акомулирани 110.699.600 метри кубни вода, а во текот на наводнителаната сезона биле искористени 68.500,000 метри кубни вода, што е во рамките на планирањата, при што биле наводнувани 9.000 ха под разновидни култури.

Во Калиманци за наредната наводнителна сезона остануваат акомулирани 41.300.000 метри кубни вода.

Во Водостопанство Брегалница од Кочани ја истакнуваат и успешната соработка со земјоделците од теренот со кои веке се потпишани договори за користење на водата во текот на годината.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close