вести

Сирењето од палмина маст и вештачкиот оцет ќе се продаваат на посебни полици

 

sirenjeto od palmina mast i veshtachkiot ocet kje se prodavaat na posebni policiPalmina-mast-20-kg1

Вештачки оцет, сирење и кашкавал произведени од растителни протеини, ракија добиена без ферментација на овошје, од следниот месец во европските маркети ќе се продаваат во посебни делови на одделни рафтови. Предлогот доаѓа од бугарска страна бидејќи во нивните маркети веќе долго време вештачкиот оцет произведен од есенција се продава на исто место со оцетот што се добива од вино или јаболка, со што ги доведува во заблуда купувачите. Исто така,. на една полица или во ист фрижидер досега се продавале сирењето добиено од млеко и она што во себе најмногу има палмина маст. Во нашата Агенција за храна велат дека Македонија веќе извесно време има правилник со кој овие производи мора да се одвоени од другите. Тој е донесен со цел потрошувачите да не се доведуваат до заблуда, а веќе има и изречени казни за непочитување на одлуките. Од Организацијата на потрошувачите на Македонија велат дека фалсификуваната храна често се наоѓа на пазарот, а дека не е оригинална, најчесто ја препознаваат фирмите што ја произведуваат. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) предупреди дека годишно една богата фабрика поради фалсификувани производи губи над 50 милиони евра.

Според правилникот кој кај нас е донесен пред неколку години, сите трговци што продаваат производи што се од животинско потекло, а продаваат и слични на нив произведени од растителни протеини, мора да ги одвојат физички на посебна полица или витрина. Така, кашкавалите од млеко или саламите од месо мора да се одвојат од сличните производи што содржат во себе соја и растителни протеини. Истовремено, јасно мора да бидат напишани декларациите и на посебно место да стои дека тоа е растителен производ.

– За да се елиминира можноста од доведување на потрошувачите во заблуда кога станува збор за продажба на производи што содржат растителни масти или масла, од пред неколку години Агенцијата за храна и ветеринарство им наложи на операторите со храна тие задолжително да се наведени во декларацијата на производот. Ваквите производи мора да се продаваат одделно од млечните на друг посебен рафт, декларирани како растителни, а не како млечни производи – велат во Агенцијата.

Според Организацијата на потрошувачите на Македонија, фалсификуваната храна е вечна тема и свеста на граѓаните е клучна кога нешто купуваат.

– Точно е дека имаме правилник и повеќето од трговците го почитуваат. Но, граѓаните мора да внимаваат што купуваат бидејќи цената секогаш не е репер дека плаќате сирење, на пример – изјавија неодамна во ОПМ.

Бугарија преплавена со фалш оцет

Во Бугарија неодамна беше алармирано дека на нивниот пазар се појавил лажен оцет, многу опасен за здравјето, кој ако се консумира, може да предизвика труење, алергија или гастроинтестинални болести. Токму ова беше повод во земјата да се изготват нови правилници според кои трговските синџири се обврзаа лажниот оцет да го декларираат како кисел производ, што значи дека е произведен без ферментација на овошје и да го ставаат на дното на полицата. Според здружението „Активни корисници“, кај нив најмногу измами има со сирењето и со кашкавалот. Нивната агенција за храна за неколку месеци запленила 8 илјади шишиња лажен оцет и неколку тони лажни сирење и кашкавал.

Тагови

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Back to top button
Close