fbpx
ВестиЛов и риболов

Денеска, 30ти јуни, завршува забраната на ловот на мрена

Со започнување на летниот период завршува и мрестот на рибите во кумановскиот регион. Во сооднос со видовите на рибите кои што живеат во Крива Река од риболовното друштво „МАК ДАМ“ истакнаа дека периодов што измина забраните за сите риби се поминати освен за мрената која што ќе трае до 30ти јуни и за пастрмката за која што забраната е постојана. Со завршување на мрестот и со почетокот на летните одмори риболовците се повеќе наоѓаат слободно време за ловење на риба така што и бројот на дозволи издадени од друштвото е во пораст. Од риболовното друштво истакнаа дека и покрај тоа што бројот на риболовци е во пораст, бројот на риби во ривирот на Крива Река се зголемува.

deneska 30 juni zavrshuva zabranata na lovot na mrena

 

Рибочуварите сметаат дека строгото запазување на датумите и контролите кои што се вршат овозможуваат рибниот фонд да бележи зголемување, а побројните контакти на риболовците со друштвото и ставањето на преден план на рибарската етика, која што е еден од најбитните фактори за еколошко сочувување на видовите на рибите и животинскиот свет во реките овозможува креирање на долгорочни планови.

-Забраната помина за бојник. На 15 јуни заврши и за попадика и за кленот, моментално само забрана е за мрена, друга забрана нема. Забраните беа поради мрестот, фактички пастрмката е целосно забранета во Крива Река, друга риба нема целосна забрана освен за пастрмка инаку мрената е забранета до 30ти така што  после ќе може да се изловува и таа, а сега поради мрест е во забрана, вели Зоран Стојмановски, рибочувар во риболовно друштво „МАК ДАМ“

Од риболовното друштво според нивните досегашни искуства посочија дека протокот на водата во реките поради дождовите кои што беа обилни во претходниот период е на задоволително ниво така што и тоа се одразува на позитивниот биланс на екосистемот во ривирот. Рибарите се задоволни од целокупниот број на сите риби кои што ги има во Крива Река, а од риболовното друштво посочија на одредени видови кои што во последниот период најмногу се појавуваат во реката.

-Моментално сега се лови кленот, го има доста во изобилство оваа година, јаде на дудикна на пченица, почна да јаде на мушици.

-Рибниот фонд е доста збогатен, риба има моментално, водите се добри сега за сега, водостојот е супер, рибата е добра, чиста еколошки, во неа се наоѓаат живи суштества како рак, школка, вели Зоран Стојмановски, рибочувар во риболовно друштво „МАК ДАМ“

Од почетокот на пролетниот период кога друштвото имаше издадено 140 дозволи до сега бројот е зголемен за стотина. Од друштвото во досегашниот тек на годината се задоволни од намалениот број на рибокрадци.

-До сега имаме издадено 230 годишни дозволи, државни имаме околу 20. Членови околу 300.

-Рибократството се намали. Тоа не може да се намали засекогаш ама намелено е во голем број, вели Зоран Стојмановски, рибочувар во риболовно друштво „МАК ДАМ“

Риболовот помеѓу младите генерации станува се попопуларен и бројот на млади риболовци е во пораст, од друга страна бројот на рибокрадци се намалува со што се очекуваат добри денови во македонскиот риболов.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close