fbpx
Вести

Здружување во задруги за поголеми инвестиции

Задругата обезбедува подобар откуп, подобрување на планирањето на производството и квалитетот, обезбедување средства за заеднички инвестиции и поевтини набавки на репроматеријали за производството, а со тоа и помали трошоци.

podrska-za-zemjodelci

Здружени земјоделци полесно прават инвестиции. Ова на македонските производители им го порача претставникот на една од најголемите задруги во Србија, Маријан Давчиќ на Агро-бизнис форумот, кој се одржа вчера во Скопје. По српски, но и искуства од други европски земји ќе се создава македонскиот модел на задругарство. Во Македонија во моментов функционираат 19 задруги формирани во изминатите две години. Очекувањата се постојните задруги да окрупнат и да се зголемува нивниот број. Здружувањето на земјоделците ќе треба да им обезбеди подобра заработка, полесен пласман и поголеми инвестиции.

Македонија ќе ги искористи сите механизми и финансиски средства што и се нудат за развој на земјоделските задруги, најави министерот за земјоделство Михаил Цветков, кој информира дека од ИПА 2 програмата се одобрени два милиона евра кои во наредните две години треба да помогнат за зајакнување на земјоделските задруги и пред се, за искористување на западноевропските искуства.

cvetkov_1108_g111_0

„Не сме задоволни од досегашниот развој на земјоделските задруги. Откако во 2013 година е донесен законот, формирани се вкупно 19, но бројката е под посакуваното ниво“, нагласи Цветков. Посочи дека од ИПА 2 се најавени и дополнителни 1,5 милиони евра за задругите, за кои ќе се направат максимални напори за искористување во насока на зајакнување на задругите. Според Цветков, еден од клучните проблеми на македонското земјоделство и понатаму се малите расцепкани стопанства. Тој информира дека од 80.000, речиси 60.000 се ситни стопанства.

Производителите, пак, истакнаа дека сакаат да се здружат, а од банките очекуваат да ги препознаат проектите на задругите и да ги финансираат.

„Подготвени сме европските искуства да ги пренесеме во Македонија и да ги разрешиме насобраните проблеми. Ќе ги искористиме сите можности што ни се нудат“, изјави Менде Ивановски од Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

Задругата обезбедува подобар откуп, подобрување на планирањето на производството и квалитетот, обезбедување средства за заеднички инвестиции и поевтини набавки на репроматеријали за производството, а со тоа и помали трошоци.

Overall

Здружено полесно се прават инвестиции, се согласи и претставникот на една од најголемите задруги во Србија, Маријан Давчиќ.

„Благодарение на здружувањето, бевме во можност да реализираме големи инвестиции инсталација во ладилник за складирање на овошјето и негова продажба надвор од сезоната кога цената е повисока и пласманот подобар. Купивме и машина за сортирање овошје. Ваквите вложувања многу потешко се реализираат индивидуално“, рече Давчиќ.

Во таа насока, на земјоделците ќе им биде на располагање уште една новина за субвенционирање на каматните стапки за искористените ИПАРД-средства. Оваа мерка ќе почне да се спроведува од наредната година.

„Со оваа мерка ќе бидат опфатени корисници на ИПАРД-средствата кои имаат потпишано договор со платежна агенција и ќе важи за сите банки во Македонија. Државата ќе субвенционира половина од каматната стапка која не може да биде поголема од осум отсто и за вредност на кредит не поголем од 500.000 илјади евра“, објасни министерот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close