fbpx
Вести

Блокадите на земјоделците можат да ги чинат грчките извозници и до 30 милиони евра дневно

Блокадите на земјоделците на националните автопати во Грција и царинските терминали можат да ги чинат извозниците над 30 милиони евра на ден, предупредуваат грчките експерти.

Тие додаваат дека ако се реализираат заканите за затворање на пристаништата и железничката мрежа, оваа сума може да се зголеми на повеќе од 65 милиони евра дневно, пишува „Катимерини“.

blokadite na zemjodelcite mozhat da gi chinat grchkite izvoznici i do 30 milioni evra dnevno

 

Според податоци на Здружението на грчки извозници (ПСЕ), 43 отсто од грчкиот извоз се одвива преку патиштата, и врз основа на податоци од 2015 година, тој изнесува 30,8 милиони евра на ден. Вкупниот извоз преку море минатата година изнесувал 37,2 милиони евра на ден, покажуваат податоците на ПСЕ.

Извозниците веќе изразија загриженост дека тековните блокади ги принудуваат возачите да бараат подолги алтернативни патишта или да чекаат и по неколку часа за земјоделците да ги отворат премините на наплатните рампи и царинските контролни пунктови, што ја зголемува цената на понудата. Одложувања во испораките кон странските клиенти, исто така можат да доведат до казни.

Блокадите на земјоделците, сепак, немаат големо влијание врз снабдувањето на домашниот пазар, иако експертите предупредуваат дека ако протестите продолжат според планираното, снабдувањето не може да се гарантира.

Влијанието на блокадите на земјоделците врз грчката економија допрва ќе се проценува.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close