fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Зелена (летна) резидба на виновата лоза

 Зелената резидба претставува поголем број на постапки(мерки), кои се вршат со цел да се коригира односот на бујноста и родноста на стеблото.

 

Со летната резидба се влијае на зголемување на приносот, а особено на подобрување на квалитетот. Поважни мерки се: лачење, филизење и поткршување. Лачењето претставува отстранување на цели ластари кои се непотребни за родноста. Со лачењето се отстрануваат ластарите на старото дрво (чокотот, лаковите) и не родните ластари кои се развиваат од зимските окца на родниот ластар. Ластарите кои се потерани од старото дрво се лачат обично два пати. Првиот пат кога имаат должина околу 15 см. а вториот пат истовремено со врзувањето. При второто лачење се отстрануваат не родните ластари на родното дрво.

Поткршување на филизите. Развојот на филизите зависи од бујноста на сортата, плодноста на почвата, влажноста на почвата, начинот на одгледување и резидбата. Филизите се поизразени при кратка резидба, додека при долгата резидба нивниот развој е послаб. Филизите не смеат во целост да се отстранат, туку треба да се поткршат на 2-3 лисја од основата, бидеќи на тој начин се спречува нивното повторно развивање. Откршувањето на сите млади ластари се врши во време кога ќе престане интензивниот раст. Целта на поткршувањето е отстранување на недозреаните  врвови на ластарите и филизите, со што се создаваат подобри услови за осветлување и аерација на пенушката, се олеснува заштитата од болести и се забрзува зреењето.

извор: АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close