fbpx
ВестиВиноТоп вести

Македонско грозје од  Витторија фрут на  странските трпези

 

Двојно зголемување на  извозот на трпезно грозје, бележат резултатите на Витторија Фрут , компанија од Гевгелија  која  се занимава исклучиво со производство на ваков вид на грозје. На самиот финиш од бербата на грозјето менаџерскиот тим е задоволен од постигнатите резултати.

 

 

„Бербата тече во ред, ние сме задоволни со произведеното. Растеме секоја година. Имаме двојно  зголемен пласман за разлика од минатата година. Оваа година имаме производство од 2 милиони кг трпезно грозје кое што го пласираме на западен пазар, а многу мала количина оди за Русија. Задоволни се нашите клиенти  и бараат в година уште толку да го зголемиме производството“ вели Иван Шуклев комерцијален директор на компанијата.

 

Витторија Груп е компанија која постои 11 години и моментално располага со 140 ха лозје. Произведува исклучиво трпезно грозје со, како што велат , препознатлив квалитет. Од нејзините почетоци до денес компанијата има постигнато многу и во квалитет и во количини. Во визијата на менаџерскиот тим е до 2022 година да се постигне производство од 3 милиони кг  трпезно грозје наменето за западен пазар, за кој велат дека е подобар и постабилен. Барањата на странските клиенти се ригорозни и конкуренцијата е многу голема,  но, Витторија фрут од Гевгелија  успешно се бори и  се обидува да излезе во пресрет на нивните барања. Со зголемувањето на количините оформен е и центар за пакирање по европски стандарди, со две ленти на кои може да работат 60 работници, а постои  и ладилник со капацитет од 1000 тона.

 

„Можам да кажам дека ние се одликуваме со прецизност, заради тоа што кога ќе договориме нешто од тоа нема отстапување. Квалитетот на грозјето што го нудиме е висок .Селекцијата која ја правиме на грозјето  исто така е многу ригорозна, вели во разговорт со Зелна берза Иван Шуклев. Конкуренцијата е јака, борбата е поголема од ден во ден и  се трудиме. Треба да имаме предвид дека ние, тоа што го имаат италијанците и шпанците, како една глобална сила на пазарот на трпезно грозје, не можеме да се рамниме со нив. Млади сме  и учиме. Во иднина мислам дека таа разлика  ќе станува  се помала и помала“ додава тој.

 

.Квалитет  постигнат по европски стандарди

 

Високо квалитетни сорти на грозје добиени по високи стандарди е гаранција за успех.

Prima.Victoria,Michale Palieri,Red Globe, Sublima Seedles,Regina Inzolla, Apulia Rose се седумте сорти на грозје кои успешно се одгледуваат на плантажите на Виторија фрут, а се увезуваат од Италија. Оттаму доаѓа и стручната помош.

 

„Еден од стандардите кој го имаме е Глобал Гап, а другиот БСЦИ. Глаобал Гап  стандардот  е универзален и е потребен за било кој производител кој сака да извезува во Европа. Не користиме отрови за заштита од инсекти. Веќе трета година нема отров многу внимаваме на каренцата при прскање со други фунгициди,  не смееме во склоп на безбедност на храна да ни стави Европа забелешка.  Другиот стандард  БСЦИ ни беше сугериран од нашите чешки пријатели заради тоа што тој е социјален сертификат. Со тој сертификат потврдуваме дека нема обесправување на нашите работници дека тие си имаат одередно законско време за пауза, дека нема злоупотреба на детски труд итн . Тој сертификат беше потребен бидејќи Македонија е на листа од тие земји која не е во ЕУ , бидејќи за земја членка на ЕУ самата Унија гарантира за тоа, ние немаме такво нешто па  моравме да извадиме сертификат, посочува Шуклев. Немаме проблем со  работници. Имаме 24 стално вработени лица и по потреба вработуваме сезонски работници. Виторија фрут нуди добри работни услови. Дневницата за 8 часа е 800 ден, а плаќањето го вршиме на 15 дена. Треба да се има предвид дека кај нас постои систем на наградување“, додава тој.

 

Стручна соработка со фирма од Италија

Како и останатите фирми и Витторија фрут се соочува со последиците од климатските промени . Градот направи штети и на овие плантажи. Соработката со стручни лица е неизбежна.

 

„Реагиравме на време, уште на самите почетоци. По сугестија на нашите италијански пратнери инсталиравме,  мрежи за заштита од град, но бидејќи самиот процес на ставање на мрежите е макотрпен и тежок, не успеавме целото производство да го покриеме. Во иднина нашата цел е да се покрие целата плантажа со мрежи па и никогаш да нема град. Располагаме со  метеоролошка станица за да можеме да ги пратиме условите кои што ги имаме за да можеме да се спремиме не само за временските непогоди кои што доаѓаат  туку и за можните болести  кои што ни ги дава самиот софтвер, на пр: да каже за пепелница имате примарна можност за инфекција, за пламеница имате примарна или  секундарна инфекција за да можеме да интервенираме  и да третираме навреме, објаснува Шуклев. Имаме екипа од тројца агрономи, тие се тука нон стоп, советникот од Италија е исто така тука.Имаме склучено договор со една италијанска фирма која што ни праќа помош , агроном кој што доаѓа и ни сугерира што треба да се аплицира од што треба да се пазиме, како треба секоја сорта да ја направиме како што треба, по критериумите на западниот  пазар“,објаснува директорот Шуклев

Со пристап на  информации до поголем квалитет

Странските компании имаат големо искуство и пристап на информации, што овде не е случај.

„Тие имаат институт,  лаборатории, имаат пристап до иформации кои на нас до сега ни биле тешко достапни. Тие може да направат проверка на почвата во секој момент и точно да знаат кој минерал  и кое ѓубриво треба да се аплицира  за квалитетот на грозјето да биде според очекуваното. За нас тоа оди потешко .  Сметам дека во иднина таа разлика ќе се намалува,   заради тоа што како што оди напред светот така одиме напред и ние.Не со таа брзина ам малку по малку.Анализите на почвата ги правиме исклучиво во Европската акредитирана лабораторија во Солун бидејќи тие ни даваат резултати кои можеме да ги покажеме пред нашите западни партнери , заради тоа што и тие нас не гледаат со други очи кога ќе покажаеме резултат на почва и анализа на грозје од европски акредитирана лабораторија.,“ вели Шуклев.

 

Неопходен е полесен пристап до Европските фондови

За развојот на било која компанија и воопшто ,земјоделието во државата, неопходна е помош од државата и полесен пристап до европски пари. ИПАРД фондовите се основата за развој на земјоделството во Европа.

 

„Нашето искуство покажува дека тешко се доаѓа до тие пари  бараат документација која што е многу опсежна и треба на пр. за една лента за пакување, потребни се 6-7 месеци да се подготви. Тоа мора да се направи во еден склоп да биде полесно за нас како прозиводители, а  и за нив, за да може полесно да ја направат  проверката на документацијата да може побрзо да стигнеме до тие субвенции, оти тоа е нешто шти му е потрбено на секој производител. Сега се трудиме колку што можеме, секоја помош е добредојдена“, велат од Виторија фрут.

 

Соодветна опрема и механизација  услов за успех

Од основањето до денес Витторија фрут расте во секој поглед. Свесни дека за успех е потребна и соодветна земјоделска механизција  и опрема обрнуваат големо внимание и на тој сегмент. Ретко која фирма во Македонија ја има таа механизација што  ја има оваа фирма.  7 нови трактори и  исто толку атомизери со  целосна придружна механизација потребна за плантажите со грозје. Со помош на Синпекс го има увезено специјализираниот трактор за влез во одрина  тракторот Џон Дир 5075 ГЛ. Лентата за пакување го олеснува и забрзува процесот на пакување за 30-40%. Менаџерскиот тим постојано ги следи новините во производтсвото на трпезно грозје. Учествотото  на саеми е само  можност Витторија фрут да ја  претстави својата успешна приказна  пред странските клиенти.

 

Во идниот период  Витторија фрут од Гевгелија  ќе работи  на зголемување на количините на произведено трпезно грозје.и да стане производител број еден во регионот. Во таа насока е  подигнување на  нова плантажа со лозје од 40ха. Вадење на старите садници и подигнување на садници со нови сорти на грозје без семка. Се прогнозира дека  еден ден грозјето без семка  ќе биде најбароно на пазарот.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Слични написи

Back to top button
Close