ВестиМакедонијаТоп вести
До утре да се искористат ланските картички за зелена нафта
Оттаму информираат дека веќе ја завршиле тендерската постапка и во рок не подолг од 60 дена компанијата која е избрана ќе треба да ги испечати и картичките да ги достави до АФПЗРР, по што истите ќе бидат дистрибуирани до земјоделците.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на мерката „зелена нафта“ дека рокот на минатогодишните картички за точење на „еуро дизел“ гориво за земјоделска механизација истекува на 30 април 2020 година.
– Апелираме до сите земјоделци, доколку имаат уште средства за точење на гориво за земјоделската механизација, истите да ги искористат, затоа што по 30- ти април, картичките ќе бидат блокирани – потенцираат од Агенцијата.