fbpx
ВестиСовети

Земјоделски развој во хармоничен однос со природата

Со развивањето на стихијно интензивно производство, со висока потрошувачка  на средства и енергија, човекот постојано придонесува за нарушување на средината во која што живее и влегува во конфликт со нејзиниот природен развој.

Стана сосема јасно дека така не може да се продожи и општеството мора да ја преземе одговорноста за иднината на природата управувајќи свесно во взаемните односи со неа.

Како резултат на ова сознание, во 1992 година на Конференцијата на ОН за животната средина во Рио де Женеиро, е усвоена концепцијата за “одржлив” развој поддржана од над 200 земји од Светот. Притоа се прокламирани основните принципи дека: луѓето имаат право на здрав и плодотворен живот во хармонија со природата, а притоа сегашниот развој да не ги нарушува интересите на идните поколенија. Заштитата на животната средина мора да биде неразделен дел од општиот развој и не може да се третира издвоено.

Државата е должна да овозможи сестрани еколошки информации на населението за да можат да учествуваат по еколошки прашања сите заинтересирани граѓани. Исто така државата е дожна да соработува за создавање на отворен меѓународен економски систем кој ќе одговори на економското ниво и одржлив развој на сите земји.

Одржливиот развој бара длабоко научно разбирање на проблемот, сестрано учество на граѓаните и потреба да стане идол на младите генерации.

Активностите на земјоделското производство, како и во процесирањето на човечката и добиточната храна можат да имаат голема негативна улога во нарушувањето на животната средина и здравјето на луѓето и животните, но можат да даваат и голем придонес во остварувањето на одржливиот развој ако сите производители ги прифатат основните начела:  активностите да бидат во хармоничен однос со природата.

Човекот одамна веќе знае дека неговите способности за промена на животната средина ги надминуваат неговите права. Последните десетици години се јавија сериозни проблеми од начините на производство кај конвенционалното земјоделство. Затоа се наложи потреба од правни рестрикции на агротехнички мерки. Но за жал тие се донесоа релативно доцна за да се запрат неповратните оштетувања на животната средина. Исто така тие носат сериозни неправди дебаланси и нови проблеми без да го решат првобитниот проблем. Постои ургентна потреба земјоделските производители да ги дефинираат ограничувањата со истовремено согледување на нивните нови цели на работа. Ниеден систем на земјоделско производство не може да биде одржлив ако ја загадува животната средина. Одржливо земјоделие е тоа кое остварува потенцијално можни за реонот приноси со виосоки биолошки особини, со прилагодена технилогија која овозможува највисоки економски резултати, со зголемување на плодноста на почвата и зачувување на животната средина.

Земјоделството треба да се развива како организам, како жив екосистем, којшто е земен од моделот на самата природа и е извор на зајакнување, специјализација и потпирање на различни инпути. Доколку се спроведува на соодветен начин не би можело да доведе до загадување на животната средина.

  Кај конвенционалното земјоделско  производство се користат минерални ѓубрива, хемиски препарати, регулатори на раст, козметика, разни видови пластика, генетски променети организми, ембрио трансфер техники и сл.

Благодарение  на користењето на високите достигања на хемијата, биологијата и разните високи техноогии и сл. конвенционалното земјоделско производство успева да произведе храна за сите луѓе на Планетата (тоа што милиони луѓе умираат од глад е резултат на нерамномерен распоред на ресурсите и светското богатство).

Производите што се нудат на пазар од вакво производство во најголема мера се здравствено погодни и содржат хемиски остатоци, хормони, бои, синтетички средства и др. кои се дозволени  (по асортимани и количина) според определени правилници и слични акти. За жал, често може да се констатира дека во овој систем на земјоделско производство се среќаваат и такви производители кои поради поголем профит во производството употребуваат недозолени средства или поголеми количини на хемиски и други средства, штетни по здравјето и животната средина. Здравствената погодност на домашното производство кај нас релативно ретко и не системски се контролира, така да зголемените остатоци на резидуи и други состојки што ги надминуваат дозволените норми не се ни откриваат. Увезената храна кај нас се контролира поредовно во колку се внесува регуларно, без користење на диви премини или корумпирани државни службеници. Редовните контроли и на домашното производство и на увозното, со висока тренспаретност на резултатите од нив ќе имаат позитивно влијание на сигурноста на потрошувачите.

Органското земјоделско производство  дава највисок можен продонес кон системот на одржлив развој, бидејќ производството се изведува според технологијата при која што не е дозволена употреба на минерални ѓубрива  хемиски препарати, генетски модифицирани производи, хормони, козметика и др.

Со придружувањето кон приципите за одржлив развој,а уште повеќе со огранско земјоделско производство се остваруваат повеќе цели.

Современото одржливо земјоделство во практиката значи настојување кон достигнување на потенцијално можни приноси со високи биолошки особини, кои гарантираат најдобри економски ефекти и во исто време зачувување и подобрување на плодноста на почвата.

Одржливото земјоделско производство обезбедува доволно и ненамалено производство на храна. Неговото повисоко ниво се остварува од користењето на технолошкиот прогрес и механизмите на пазарното стопанство.

Покрај продуктивните приноси, одржливото земјоделство производство ги стимулира социјалните вредности кај производителите итн. Органското пак земјоделство обезбедува еколошка рамнотежа во определена средина (реон) под услов ако и останатите активности се еколошки сообразени. Обезбедува добивање на здравствено нештетни производи чие барање на пазарот е потенцијално големо, бидејќи производите се со гарантиран квалитет, одговараат на барањето за здравствената сигурност, “вкусни” се како поим за специфични органолептички особини. Се подига на повисоко ниво кфалификацијата и компетентноста на производителите, бидејќи овој систем бара поголеми усилби и ангажираност од конвенционалното производство (избор на сорти, примена на биолошката растителна заштита, ограничен пласман итн). Влијае врз пазарот на работната сила, образованието и обучувањето на земјоделците и др. Со промовирање на идејата “одржлив развој” во Република Македонија не можат да се пофалат голем број институции и поединци. Уште помалку можат да се посочат посериозно обработени и презентирани пред широката јавност објаснувања и толувања за тоа што е одржлив развој, како и полесно и поуспешно може да се остварува.

Во земјоделството, сите мерки можат да се групираат и тоа: преку зголемено извлекување на јаглерод, обнова на деградирани почви, пошумување, минимална обработка на почвата, внесување на органски отпадоци во почвата, оптимизирање во користење на азотот, односно прецизно внесување на органски и минерални ѓубрива, внесување на азотофиксатори во сеидбената структура, управување на дополнителна продукција- органско ѓубре и растителна биомаса, намалување на јаглеродните емисии од течните горива со подобрување на енергетската ефикасност и искористување на алтернативни горива од биомаса, биогас, ветар, сончева енергија.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close