Накупците знаат дека водата дава живот. Затоа ги пренесуваат земјоделците жедни преку вода.
**
Седете дома! Помалку ризично е да се дружите со домашните, отколку со коронавирусот.
**
Најмногу јавачи на апокалипсата има меѓу оние што ги јаваат земјоделците.
**
Новокомпонирана поговорка: што ќе посеат земјоделците, тоа ќе ожнеат накупците.
**
Знаат дека иднината е во сточарството. Затоа прават стока од народот.
**
Да била Македонка, Ева не ќе успеела да му го даде јаболкото на Адам: немало да дозволат накупците.
**
Не пасеме сите трева, оние горе јадат трици.
**
Невините како јагниња, секогаш гласаат за волчји закони.
**
Една третина од населението најстрого ги почитуваат мерките за самоизолација. Не излегуваат ни до маркетите.
**
И покрај ризикот од коронавирусот страв му е да остане дома со сопругата. Се плаши од непознато.
Миле Ѓорѓијоски