fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

           Зелени  aфоризми  со Миле Ѓорѓијоски

Автор на карикатура Блаже Докуле

Зелени  Афоризми  со Миле Ѓорѓијоски

 

Велат какаото го подобрува помнењето. Лажат, секој ден го пијам и никако да сесетам кога последен пат сум зел субвенции.

**

Велат време е земјоделците да престанат да се жалат. Значи ли тоа дека треба да почнат да кукаат?

***

Онаму кај што земјоделците садат, а накупците жнеат, неважи изреката  „Што ќе посадиш, тоа ќе жнееш“.

**

Едни овоштари се жалат, други плачат, а трети кукаат… Таква слобода на говорот на овоштарите нема никаде во светот.

**

Има и „сточари“, што имаат преку леб погача – оние што прават стока од народот.

**

Европа може многу да им помогне на нашите лозари. На пример, на оние што бараат работа по лозјата во Швајцарија, Италија…

**

Не е точно дека сите земјоделци се жалат на откупните цени. Некои кукаат.

**

Има и земјоделци кои немаат никаков проблем со откупот на земјоделските култури. Оние што престанаа да ги обработуваат нивите.

**

И од неродните години овоштарите имаа ткорист. На пример: немаат главоболка со откупните цени на овошјето.

**

За разлика од дедо му и татко му тој „успеа“ да го интернационализира фармерството. Работи како надничар на сточарска фарма во Швајцарија.

**

Има земјоделци кои почнаа добро да живеат. Ама тие веќе не се занимаваат со земјоделие.

 

Миле Ѓорѓијоски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close