fbpx
ВестиТоп вести

АФПЗРР: Исплатени субвенциите за органско производство


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 638 лица исплати близу 82.724.000 денари за одгледувачите на органско производство. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за рурален развој, поточно аплицирале за „Мерката 215 Органско производство“.
Согласно програмата за рурален развој, средства ќе бидат исплатени на сите кои на органски начин одгледуваат поледелски и градинсрски култури, постоечки лозови и овошни насади, овци, говеда и пчели.

Средствата за финансиска поддршка на органското производство се исплатени на сите земјоделски производители кои поднеле барање за користење на финансиската поддршка и ги исполниле условите за искористување на средствата од Програмата за рурален развој.

Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, соопштуваат од Агенцијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close