Колку повеќе тежи родот на земјоделците, за толку повеќе ќе ги олеснат накупците.
**
Држете растојание. Не мора да знаат сите дека ви кркорат цревата.
**
Уште пред појавата на коронавирусот жените ги криеле годините. Се плашеле да не станат ризична група.
**
Нас стандардот ќе не спаси од КОВИД-19! Во првобитната заедница немало таков вирус.
**
Правам ребаланс на семејниот буџет. Префрлам од шупливо во празно
**
Не се сите наши земјоделски работници слабо платени. На пример, оние што работат на нивите по Италија, Швајцарија…
**
За оние што го обраа бостанот, сите времиња се исти.
**
Не им се поклонувајте на накупците – ќе ве јавнат.
**
Знаат дека се боси, затоа не ни се симнуваат од грбот.
**
Не постиме секој ден: понекогаш не јадеме ништо.
**
На добар пат сме да станеме бесмртни: со пензија тешко се живее, ама и тешко се умира.
Автор: Миле Ѓорѓијоски