fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Берба (жетва) и складирање на пченка

Времето на берба (жетва) на пченката е условено од содржината на влага во зрното. При рачната берба или полумеханизираната берба /берба со берач/, бербата се врши во таканаречената полна зрелост. Полната зрелост се одредува врз основа на најмалата содржина на влага во зрното, односно при количина на влага која овозможува чување на пченката во кош.

Во современото производство на пченка, каде бербата е потполно механизирана
(еднофазна) , бербата на пченката се врши во таканаречената техничка зрелост која
овозможува берба, чување, доработка и употреба. Техничката зрелост на пченката
настапува на преодот на восочната во полна зрелост, односно во втората половина на
восочната зрелост. Во тоа време зрното ја добива природната боја и сјај, лисјата се сушат,
а обвивката околу кочаните е посува од лисјата.

Почеток на жетвата во техничка зрелост се смета периодот со влажност на зрното
30-35%, што истовремено представува и горна дозволена граница за берба со
задолжително сушење на зрното заради намалување на влагата под 14%. Во наши
просечни услови содржината на влага во зрното кај многу раните хибриди во време на
бербата паѓа на 15%, раните 15-20%, средно раните 20-25%, средно доцните 25-30%, а кај
доцните 30-35%. Подоцна во текот на бербата содржината на влага во зрното се намалува
во зависност од временските услови.

Во години со просечни временски услови и при сеидба во оптимален рок, раните и
средно раните хибриди стигаат за жетва на крајот на септември, средно доцните во
првата половина на октомври, а доцните на крајот од октомври. Во години со повеќе
врнежи и пониски температури задоцнувањето од наведените рокови може да изнесува
10-15 дена.

Со берба на пченката во техничка зрелост се избегнуваат губитоците кој
настануваат со доцната берба, и тоа директни како последица од напад на болести и
штетници, кршење и полегнување на стеблото и кинење на кочаните, и индиректни како
последица на биолошката активност на зрното, при што се намалува тежината на зрното и
хектолитарската маса. Со доцната берба се намалува и квалитетот заради намалувањето
содржината на скробот, беланчевините и мастите. Исто така оптималното време на берба
на пченката има и агротехничко значење бидејќи овозможува благовремена припрема и
сеидба на пченицата.

Бербата на пченката се врши рачно или механизирано.Рачната берба е повеќефазна и се
состои од рачно лупење, кинење накочаните, товарање за превоз и ставање
во кошеви заради чување и сушење доронење на зрното.Механизираната берба се врши со
различен степен на механизираност: со берачи кои ја берат пченката во кочани лупени или нелупени или пак со комбајни.
Примената на комбајн истовремено представува и најсовремен начин на берба(жетва) на пченката. Во колку бербата се врши со комбајн, оронатото зрно се суши во сушара до содржина на влага под 14%.

Суво зрно од пченка може да се чува во:

1. обични подни складишта, добро проветрени, а при чувањето висината на купот
може да достигне 3,5 м, и
2. силоси за зрно.

Пред да се смести зрното од пченката, основен услов за правилно чување е да
биде добро просушено и чисто од примеси. Најголемата влажност при која може да се
смета дека зрното е добро за складирање е 13%.

Во текот на чувањето на пченката во зрно, температурата во складиштето треба
повремено да се контролира, во лето најмалку на 15 дена, а во зима еднаш месечно. Во
колку се регистрира зголемување на температурата секогаш укажува на присуство на
инсекти или на зголемена влага, или и едно и друго. Зрното треба да се чува на
температура под 20оС.

Најпознати штетници на складираната пченка се житниот молец и жижок

Житниот молец е најопасен штетник во складиштата особено кога пченката од
нива во складиште доаѓа сува и не го минува процесот на сушење во сушара. Многу често
заразената пченка од нива се внесува во складиштето каде продолжува развојот и
натамошното ширење.
Житниот жижок многу често предизвикува големи штети до потполно уништување
на пченката и другите жита во сите типови на складишта. Житниот жижок не може да се
развива во жито со помалку од 12% влага.
Една од мерките која може да придонесе во намалување на појавата на штетници
е спроведување на превентивни мерки во складиштето. Пред складирањето внатрешната
површина треба да биде мазна и варосана, не смее да има оштетување и да се чисти од
прашина.
Хемиското третирање на празните складишта има ефект до колку пред тоа се
спроведат предходните мерки. При третирањето на складираните зрнести производи
најдобро е тоа да се спроведе како превентивно третирање, бидеќи средствата кои се
применуваат за таа цел ги сузбиваат штетниците кои се надвор од зрното а не тие кои се
во зрното.
Извор: АПРЗ

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close