fbpx
ВестиТоп вести

Зелени пазари – дали ќе има лиценци по нова година

 

Земјоделците кои имаат тезги на зелените пазари за две месеци треба да вадат лиценци ако сакаат да продолжат да продаваат. Ова го предвидува законот за пазари кој требаше да важи во текот на 2019 но неговата примена под притисок на дел од пазарџиите и јавноста беше одложена за една година односно треба да важи од 1 Јануари 2020 година. Дали да има лиценци или да се укине овој закон двете спротивставени страни со два спротивни ставови. Стопанската комора каде членуваат организаторите на пазарите излегоа со став дека според нивните анализи држењето тезга на пазар и досега е сосема регулирано од 11 закони и контролирано од државните институции заради што нема потреба од ваков дополнителен закон со кој само се обременуваат трошоците врз тезгаџиите кои ќе треба да вадат лиценци секоја година и за тоа да плаќаат. Организаторите на пазарите сметаат дека треба законот чија примена е одложена до крајот на годинава да се укине или ако не се укинува тие да предложат измени а издавањето на лиценца да биде класичен систем на некоја државна институција која нема да наплаќа за ова.

Ваков закон нема никаде во Европа и регионот и сметаме дека треба да се укине. Ако почне да се применува законот нашите анализи покажуваат дека ќе се зголеми сивата економија кој би можела да достигне и до 2 милиони евра на годишно ниво и дополнително да ја потенцира тенденцијата на намалување на прометот на зелените пазари на кои 15 до 25% од бизнисот им го земаа супермаркетите кои продаваат овошје и зеленчук, рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора.

Од друга страна комората на трговци која ги застапува интересите на тезгаџиите со дијаметрално спротивен став. Тие сметаа дека законот треба по нова година да се применува и дека токму тезгаџиите ќе имаат големи придобивки од тоа. Тие се зачудени од реакциите на организаторите на пазарите кои немаат никаква врска со овој закон кој не се однесува на нив туку нивната работа ја регулираат други закони.

-Ова законско решение е добро за тезгаџиите и ние за ваков закон се бориме од 2005 година. Кога конечно се изборивме за закон кој што го нема никаде во регионот а кој не остава до влезот во европска унија да нема фискализација а другите права на трговците се решени на многу едноставен начин сега некој сака да го укине заради други интереси. Ова е најдоброто законско решение кое го договоривме со владата со кое треба да се сузбие сивата економија по пазарите рече Екрем Долек од комората на трговци.

По нова година доколку започне да се применува одложениот закон тоа ќе значи дека секој тезгаџија треба да има лиценца која чини 60 евра за една тезга и по 40 евра за секоја дополнителна. Во земјава има околу 20 илјади тезги кои годишно државната каса ја полнат со околу 5 милиони евра а околу 800 илјади евра секоја година зема сивата економија

Став на Министерство за економија

На 30 јануари 2019 година Собранието на Република Северна Македонија ги донесе измените и дополнувањата на Законот за трговија на зелени пазари со кои се одложи неговата примена од 01.01.2020 година.

Примената на Законот се одложи поради недоволната подготвеност и информираност на трговците за обврските кои предлагаат изготвување  на законското решение. Од тогаш сите заинтересирани страни ( приврзаниците за не уредување на оваа материја со закон од една страна како и Комората на трговци на Македонија која што беше назначена за единствена институција која ќе даде легитимации на трговците на зелените пазари), биле на средби со институции односно владини претставници и пратеници преку кои ги изразувале своите интереси во врска со примената на законот.

Министерството за економија подготвува измени и дополнувања на Законот имајќи ги во предвид барањата на сите заинтересирани страни. Многу наскоро истите ќе бидат објавени на електронскиот систем ЕНЕР каде што секој заинтересиран може да даде сугестии, забелешки и коментари по истиот.

Главно, измените и дополнувањата се насочени кон регулирање на пазарот односно вршењето на трговијата на зелени пазари со овозможување легитимации да дадат поголем број на комори. Притоа разгледани се и земени се во предвид и претходните коментари и забелешки спомнати од заинтересираните групни заедници.

Воедно треба да се спомне дека Министерството за економија како и во минатото за основниот Закон така и во иднина не ја одредува висината на средствата со кои трговецот на зелени пазари ја добива легитимацијата. Законот ги одредува само условите за добивање на легитимацијата, но не и висината. Тоа според првичниот Закон ја одредуваше Комората на трговци, односно сега со измените, идните комори кои ќе добијат јавни овластувања за оваа намена.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close