fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Земјата од која увезуваме жито, увезува леб

Земјата од која ние увезуваме пченица и брашно увезува леб и тоа сè повеќе. Србија, според пишувањето на „Политика“, лани повеќе од двојно го зголемила увозот на леб и пекарски производи, па увезла 6.000 тони „свеж“ леб, печива и тост во вредност од 6,8 милиони евра.

Година пред тоа, увозот вредел 3,1 милион евра, а како што неофицијално дознава “Политика”, векните најмногу стигнувале од Романија, Германија, Бугарија, па и од Хрватска, во која по влезот во ЕУ увозот е значително зголемен.

-Звучи неверојатно, бидејќи на повеќето потрошувачи не им е познато дека трговците и пекарите на големо им продаваат топол леб и печива кои на нашиот пазар дошле во шлепери – претходно подготвени и замрзнати понекогаш и илјадници километри далеку, наведува “Политика”.

Весникот пренесува дека увозното печиво пред очите на купувачите само се допекува и главно во трговските и пекарските синџири се продава како свежо.

Во светот, како што е објаснето, “парбејкинг”, како што се нарекува оваа техника за подготвување на лебот и на печивата (делумно печени, а потоа брзо замрзнати и подготвени за транспорт), се повеќе го заменува традиционалното пекарство.

Трговците на овој начин ги намалуваат трошоците на производство, бидејќи во секој момент можат да испорачаат леб и печиво со еднаков квалитет. Исто така, веќе не им се потребни висококвалификувани пекари, бидејќи секој вработен може речиси подготвените производи да ги испече и да ги стави на полиците.

Извор:Вечерпрес

Слични написи

Back to top button
Close