Екологија – Зелената револуција е наша единствена солуција. Мисли зелено- живеј зелено !
Земјен насип за помалку пепел од РЕК-Битола
Битола треба да изработи студија која што не само што ќе се нотираат загадувачите туку и квантумот на загадување кој што секој од нив го импутира во загадувањето, смета првиот човек на РЕК-Битола, Златко Ќурчиевски.
Според него на тој начин точно ќе се знае дали РЕК-Битола загадува 10 проценти (како што стоеше во една студија на невладина организација) од вкупното загадување во општината или повеќе.
–Се надевам дека тоа ќе биде многу брзо направено. Ова не го кажувам заради тоа ние да имаме изговор ништо да не правиме, напротив. Ние сите мерки ги преземаме и 5 % РЕК-Битола да загадува ние сме цврсто решени и тоа да го анулираме. Значи сите мерки ќе бидат спроведени, ветува Ќурчиевски.
Прашината што доаѓа од РЕК-Битола кога има ветер, на што најчесто реагираат граѓаните , се должи на самото одлагањето на пепелта од работата на комбинатот. Бидејќи не може во моментот на одлагање на пепелта, веднаш да се изврши покривање, туку пепелата мора да „легне“и после одреден период да се покрие со земја. Тоа е причината и за присуството на прашина, велат од комбинатот.
Меѓутоа Ќурчиевски уверува дека целта на комбинатот е загадувањето да се сведе на минимум. Најинтензивни активности има токму на одлагалиште за пепел, каде прикрај е подигањето на висок насип, бедем, кој треба да го запре разнесувањето напрашината. Насипот е висок 15 метри, а долг 1500 метри со форма на трапез. За негова градба ќе сеискористат 690 000 кубни метри земја која се добиваод ископот во рудниците. Досега таа се одлагаше настари одлагалишта, а сега се користи за изградба на насипот.
–Најмногу е направено во делот на отпепелувањето.При крај е изградбата на бедем, со што значително ќе се намали влијанието на ветровите и разнесувањето на пепелта во околината. Станува збор за една големаповршина која што е заградена со земјен бедем и пепелта ќе се одлага внатре во таа загадена површина, а ветрот не ќе може да го има тој ефекткако сега. Интензивно се работи на покривање на пепелта, од 30 илјади квадратни метри тие количини ги сведовме на 5000 квадратни метри, засадивме над десеттина илјади садници. Но, не би бил искрен ако кажам дека до Нова година ние би можеле да интервенираме и да го намалиме делот на загадување на ПМ честичките. Тоа ќе можеме да го реализираме постепено,вели првиот човек на комбинатот.
Тој најави дека од Нова година треба да почне реконструкцијата на електростатските филтри, со што лимитот на ПМ честичките ќе се спушти подграничните вредности што ги дозволува европската регулатива.
–Од Нова година ние би можеле да интервенираме и да го намалиме загадувањето од ПМ честичките сукцесивно на секој блок, со реконструкција на електростатските филтри. Веќе сме во втора фаза, имаме избрано три економски оператори, а се надеваме дека за многу скоро време ќе го добиеме изведувачот на работите кој треба да гарантира декаво 2020, 2021 и 2022 година целосно ќе се реконструираат електростатските филтри, со што ќе седобие минимално количество на ПМ честички во амбиенталниот воздух од само 20 мг/м3 што е понизок лимит за учество на ПМ честичките во европската регулатива, вели директорот на РЕК Битола.
Приоритет за РЕК-Битола е и А интегрирана еколошка дозвола и имплементирање на сите мерки за производство на електрична енергија по еколошки стандарди.
–Во тек е постапка за добивање и усогласување со строгите критериуми на А интегрирана дозвола. Усвоен е оперативниот план што РЕК– Битола го достави доУО на ЕСМ, со што се создадоа сите услови Министерството за животна средина да ја распише јавната дебата во септември, со што ќе почнеме со имплементација на мерките од оперативниот план за да ги исполниме условите, за конечно во 2026 година да имаме еден комбинат кој ќе ги исполнува целосно еколошките стандарди, вели Ќурчиевски, објаснувајќи дека добивањето на дозвола за имплементирање на оперативниот план не значи веднаш чиста животна средина, туку ќе значи строги критериуми кои РЕК-Битола мора согласно зададената временска динамика да ги испочитува. Ако не ги испочитува ќе има санкции.
И генералниот директор на Државните електрани, Васко Ковачевски потврдува дека најголем дел од капиталните инвестиции на АД ЕСМ се вложувања воРЕК Битола и тоа пред се во еколошки проекти.
–Во изминатиот период во неколку наврати АД ЕСМ и менаџментот во РЕК Битола излегувавме со информации дека во комбинатот сериозно се вложува во капитални инвестиции, пред се во термоелектраните, ремонтните активности на блоковите, направени се два капитални ремонти, во најава за следната година ќе има уште еден капитален ремонт, како и проектите што се од големо значење од еколошки аспект, а тоа е реконструкција и ревитализација на разладната кула на Блок 2 и реконструкцијата на електростатските филтри. За скоро ќе ги промовираме и капиталните проекти наЕСМ, односно фотоволтаиците во Осломеј, ветерниците на паркот Богданци2 и отпочнување на постапка за физибилити студија и проектна документација за Чебрен, изјави Ковачевски.
А. Блажевска