fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нема кој да ја заштити црквата во Матејче, крадци ги доизвадиле оловните плочи од кровот

Иако уште пред еден месец беше пријавено дека крадци го вадат оловото од кровот, ни црквата ни државата не преземаа ништо да го обезбедат објектот

Нема кој да ја заштити црквата „Успение на Пресвета Богоридица“ во манастирскиот комплекс Матејче во Општина Липково, па продолжува нејзиното уништување. Иако уште пред еден месец беше пријавено дека крадци го вадат оловото од кровот, ни црквата ни државата не преземаа ништо да го обезбедат објектот, па арамиите се вратиле да ја довршат работата и да го украдат она што останало.

Ловџиите, кои и минатиот пат ја открија и алармираа за кражбата, истото го виделе и утринава.

„Го извадиле оловото и на вториот свод, останало само на куполата. Таму каде што не можеле лесно да ги откорнат плочите ги ваделе со копач. Уште им стои скалата на која се качувале, ја врзале со јаже за да не им падне. Ќе се вратат да ја довршат работата, нема кој да им смета“, велат револтирано ловџиите, кои ни ги пратија сликите.

Тие ќе го пријават случајот во полиција, но се сомневаат дека нешто ќе се преземе, бидејќи така било и минатиот пат.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е прогласена за културно наследство во опасност од минатата година, но државата и покрај најавите не направи ништо за нејзина заштита и промоција.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nema-koj-da-ja-zashtiti-tsrkvata-vo-matejche-pa-kradtsite-gi-doizvadile-olovnite-plochi-od-krovot/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close