fbpx
Вести

Земјоделците бараат контра мерки, министерството се надева дека Косово ќе попушти

Македонското министерство за земјоделие ги оцени успешни преговорите со Косово. Вродиле со плод и покрај тоа што ниту еден од клучните производи кои земјава ги извезува не се тргнати од листата на поскапо царинење. во меѓувреме власта не планира да воведе контра мерки.

„Сите досегашни преговори, ни даваат за право да очекуваме целосно укинување на зголемените царини. Затоа во овој момент, Македонија останува на ставот барем засега да не се воведуваат контра – мерки“, соопштија од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство.

И една недела по воведувањето на повисоки царини од Косово, државава се однесува како Да ја изненадил првиот снег. Вака регира македонската федерација на фармери која алармира дека справувањето со кризата ќе биде успешна само ако се воведат контра мерки кон Косово.

„Времето на реакција за прекршувања на одредбите на ЦЕФТА е обично сосема ДОВОЛНО за да се нанесе неколку милионска штета која ќе остави долгорочни последици во развојот на секторот. Оттука ЦЕФТА не е и не може да биде гаранција на успешна, отворена и функционална соработка, посебно помеѓу соседни земји“, реагираа од Федерација на фармери на Македонија.

По вчерашниот состанок во белград на кој немаше никаква важна одлука за Македонија вниманието на јавноста се врти кон утрешниот состанок меѓу македонскиот министер за економија и министерот за трговија на Косово. Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајич призна дека не очекува ефикасна помош од ЦЕФТА.

„За тоа што е неефикасен механизам. Цефта и секретаријатот не решиле речиси ниту еден проблем јас тоа го кажав во старт, но сепак мораме даги испочитуваме процедурите. Од воведувањето на нејзините мерки треба да поминат 90 денови за да се жалиме. За толку денови ќе помине сезоната на овошјето и зеленчукот, па што ќе извезувате тогаш“, кажа Расим Љајич – министер за трговија на Србија.

Денеска преку граница кон Косово поминал само еден камион. И покрај тоа што Косово одлучи да ја повлече мерката за дел од производите, за она што најмногу ги извезува македонија сепак останува 30 проценти поскапо царинење. Пресметките се дека загубите на земјава ќе бидат 3 милиони евра.


 

телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close