вести

Албанија забрани увоз на месо од Македонија

Албанското Министерство за земјоделство информира дека воведува забрана за увозот на месо од Македонија. Од оваа институција соопштуваат дека забраната на увозот на месо од Македонија и од некои други земји од регионот е поради појавата на болеста јазлеста кожа кај крупниот добиток.

albanija zabrani uvoz na meso od makedonija

 

Министерството и Дирекцијата за ветеринарство во Тирана, во соопштението што го пренесуваат албанските медиуми, не наведува датум до кога ќе биде забраната за увоз на месо.

Инаку, покрај забраната за увоз на месо од Македонија, забрана има и за увоз на месо од Србија, Бугарија ,Грција и Турција.

Засега во Албанија, според истиот извор, нема појава на болеста јазлеста кожа.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close