fbpx
Вести

Земјоделците должат милион евра на водостопанството „Брегалница“

 

zemjodelcite dolzhat milion evra na vodostopanstvoto bregalnica

Земјоделците и фирмите од Виница, Кочани, Штип и од Свети Николе должат вкупно 58 милиони денари (околу милион евра) на водостопанството “Брегалница” за потрошената вода во текот на 2016 година. Претпријатието почна со достава на фактурите за наплата на водниот надоместок. “По основ на искористена вода од Хидросистемот „Брегалница“ во оваа сезона за наводнување од земјоделците и од правните субјекти имаме побарување од околу 58 милиони денари, средства кои во овој момент ни се неопходни за поправка на одделни делници од мрежата на системот за наводнување, посебно од десниот магистрален канал кој поминува низ четирите општини”, изјави директорот на “Брегалница”, Николчо Гоцев. Гоцев ги повикува сите корисници на водата кои имаат направено некаква промена на сопственоста на своите површини, а ги немаат решено имотно-правните односи над сопственоста на земјоделското земјиште кое го обработуваат, како и корисниците на државно земјоделско земјиште, треба да ги пријават парцелите и да извршат увид во евиденцијата. Промената треба да ја пријават, вели Гоцев, за да се прецизира евиденцијата на парцелите и корисниците на вода да не трпат последици. Водостопанството “Брегалница” деновиве го донесе годишниот план за наводнување на земјоделски површини за наредната сезона, 2017-та. Ќе се наводнуваат вкупно 10.000 хектари или 500 повеќе од оваа година. Во планот за наводнување доминираат житните култури со над 8.500 хектари од кои оризот на површина од 5.200 хектари.

Тагови

Слични написи

6 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close