fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ПРВОМАЈСКИ ЗА ПЛАТИТЕ-не е кој колку одработил, туку кој како си ја наредил

„ПАРИ“-Празнично, функционерите се во очекување на платите повисоки за 78 проценти

Празнично, функционерите се во очекување на платите повисоки за 78 проценти, а сите други треба да се задоволни од зголемените минималец, просечна плата, пензија. Некои достигнувања се историски, други – уште поисториски, пишува https://pari.com.mk/

Ден на трудот.

Владата се уште размислува за намалување на коефициентите врз кои се вршат пресметките за висината на функционерските плати.

Работниците се државата“ е мотото на првомајскиот протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Додека политичарите се мислат и веројатно бараат законско решение, како што се најавува, на сметките ќе им „легнат“ месечните примања зголемени за 78 проценти. „Историски“ раст, доколку се послужиме со речникот на владините претставници, кои така ги нарекоа придвижувањата кај просечната плата, минималецот, пензиите…

Избрани – Процентите кои ги овозможи Уставниот суд, чии одлуки се неприкосновени, овој пат навистина имаат историска димензија. Ова е првиот ваков раст на платите, кој згора, доаѓа во лошо време. Оттаму и бранувањата во јавноста, кои не стивнуваат, иако избраните функционери веќе со мартовската плата ги „омрсија“ своите конта, но само делумно. Следува она – главното.

Според редот на позициската поставеност, највисокит коефициент го имаат претседателот на државата, собранискиот спикер и премиерот – 4,5 кој се множи со 47.637 денари, колку што е просечниот износ на ланската бруто-плата. Заклучно со февруари, операцијата множење беше поедноставна, со утврдените 26.755 денари. По ново, ови три плати ќе натежнат за речиси 70 илјадарки, што е повеќе од 1.100 евра, при што нивните примања ќе дојдат до износи од над 2.500 евра. Со проста математика се добива сума од 214.366 денари, на која се додава работното искуство. Конкретно, од 0,5 за секоја започната година работен стаж, а најмногу до 20 проценти. Во случајот, највисоката плата ќе ја добива претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Претседателот на Уставниот суд, од каде што се овозможи оваа привилегија ќе земе плата поголема за шеесеттина илјади денари, а во тој ранг се и собраниските и владините потпретседатели, кои се со коефициент 4,00. Без годините стаж се работи за износ од 190.548 денари.

Коефициентот 3,70 на министрите, на претседателите на собраниските комисии, на претседателот на Врховниот суд, на јавниот обвинител, судиите на Уставниот суд… им носи плус околу 56 илјади денари. Нивните плати ќе бидат над основните 176.256 денари, бидејќи тука се надодаваат и годините стаж.

Коефициенти за множење има…

Досега, само претседателот Стево Пендаровски реагираше на речиси 80-процентното зголемување. Другите претставници на власта, најавуваа „се размислува за…“ и се повикуваа на „судските одлуки се почитуваат, не се коментираат“.

Работници – Неправдите кон работниците се причина за организирање на протестот од страна на Синдикатот.

„Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12-часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството!“, порачаа од ССМ.

Реакции има и за обидот да се зголеми работната недела за потребите на изградбата на коридорите. Од Независниот синдикат на полицијата КСОМ нагласуваат дека нема да се дозволи работното време на еден работник во иднина да биде 60 часа.

„КСОМ уште пожестоко ќе ги води работите, со цел заштита на правата на работниците. КСОМ овој пат крајно умерено, меѓутоа со остра намера на Владата и порачува да не си играат со работниците“, дециден е претседателот Гоце Делчев Тодев.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close