fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Зелена берза слави роденден -Сонцето секогаш е зад облаците!

2 години од првиот број на списанието Зелена Берза. 10 години од порталот Зелена Берза! Некои јубилеи вреди да се прослават независно од вонредната состојба и неможноста да се собери целиот тим на Зелена Берза. Како уредник посакувам уште многу броеви и уште поголем тираж. Среќен роденден Зелена Берза ! Продолжуваме понатаму благодарни и уште помотивирани од поддршката која ја имаме од нашите читатели ! - 21.041 следбеници на ФБ. - 4.000 тираж на весник бесплатно испратен до сите вас! - 3.200 вести во порака Зелена Берза -гласот на земјоделецот

Драги наши земјоделци!

Заедно го прославуваме вториот роденден на „Зелена Берза“. Во невообичаени услови во кои сега живееме роденденската прослава ќе мора да ја изоставиме. Сите ние сме бескрајно горди и среќни на успехот кој го постигнува нашиот весник и тоа вреди да го прославиме со Вас, во блиска иднина.

Сумирајќи ги резултатите, сметаме дека имаме полно право да сме задоволни од тоа што го работиме:

-Ние сме единствен медиум, месечно списание за земјоделство и екологија. И, не само тоа, ние сме гласот на земјоделецот. Непристрасен медиум, критички расположен да ги истакне сите проблеми и да ги покаже со прст сите „виновници“ за настанатите состојби во земјоделството, да бара решение од институциите, да се бори за правата на земјоделците.

-Ние сме најголемото земјоделско семејство! Се помагаме заедно, објавуваме, прашуваме, информираме, споделуваме, се со цел да си помогнеме едни на други.

-Проектот „Незаменливиот вкус на традицијата“ веќе трета година по ред, ги собра на едно место вредните земјоделци претставувајќи ги нивните производи. Од сите излагачи изработивме корпа со вкусот на македонската традицијата која ја доставивме до голем број странски пријатели на нашата држава. Задоволството од македонските вкусови и специјалитети е неизмерно, па со овој проект продолжуваме и годинава, уште посериозно и покреативно.

-Проектот „Од рурална жена до успешен претприемач“, охрабрува со бројот на жени кои ги живеат своите успешни приказни на село. Наскоро ќе ја читате и  публикација во која  е овековечена  руралната жена во Пелагонија со нејзината животна приказна и успешната претприемачка идеја.

Работевме на многу проблематики од кои во последните месеци ги потенциравме:

-Проблемот со откупот на јагнето

-Субвенциите за тутунот

-Побаравме помош за земјоделците за справување со КОВИД-19

И, за првпат, имавме одлична соработка со МЗШВ во решавањето на овие проблеми. Тоа не поттикнува и ни дава мотив уште повеќе да ги актуализираме и другите проблеми на земјоделците и упорно да бараме решение за истите.

Во целост успешна година за оваа екипа на ентузијасти која во многу турбулентно време успеа да чекори напред, да гради препознатлив бренд и најважно од се’, да ја добие довербата на земјоделците, таргет група која често била манипулирана и која изгубила доверба во многу здруженија, претставници, па и медиуми.

Сепак, најголемата заслуга ја имате Вие, земјоделци, кои со нас го споделувате вашето секојдневие, размислувања, проблеми и идеи. Половина роденденска торта е Ваша, затоа што вие сте нашиот партнер со кого заедно ги дуваме двете роденденски свеќи, со желба за добро здравје да градиме успешна приказна! Затоа што вие сте нераскинлив дел од нашето постоење, гласот на овој медиум. Ние многу го вреднуваме ова партнерство. Продолжуваме заедно да растеме и да се развиваме…од земјата и за земјата! И веруваме дека  сонцето секогаш е зад облаците.

Среќен роденден „Зелена Берза“!

 

Христина Фуна

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close