fbpx
Вести

Земјоделците ја очекуваат зелената нафта

Зголемувањето на давачките за 3,5 денари на дизел горивото го поделија мислењето на земјоделците. Едни сметаат дека тоа ќе биде лошо за нивните трошоци, а други пак дека тоа нема да има големо влијание. Фармерите очекуваат зелената нафта да го амортизира негативниот ефект…

Земјоделците се поделени околу предвиденото зголемување на акцизата на нафтата со Предлог-буџетот за 2018 година.

Едни велат дека тоа нема да има големо влијание врз вкупните трошоци, а други бараат Владата да ја преиспита ваквата одлука и да не важи за земјоделците.

Иако сѐ уште немаат конкретни анализи, земјоделците сметаат дека зголемувањето на акцизата ќе има негативни импликации, но со воведување на зелената нафта тие ќе бидат намалени.

Од Министерството за земјоделство велат дека зголемувањето на акцизата на нафтата не треба да ги загрижува ни земјоделците ни потрошувачите зашто нема да предизвика поскапување на земјоделските производи.

Со воведувањето на поевтина зелената нафта чие законско решение наскоро ќе влезе во владина процедура, трошоците за земјоделското производство ќе бидат значително намалени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close