Земјоделците користеле неквалитетно ѓубриво – повлечени од промет 96 ѓубрива
Засилени контролите за проверка на квалитетот на семенскиот материјал и репроматеријалите за земјоделството. Сите надлежни институции интензивно работат на терен и го контолираат квалитетот на производите кои им се продаваат на земјоделските производтели соопшти од Струмица министерот за земјоделие Љупчо Николовски. Тој информираше дека од страна на министерството за земјоделство веќе биле повлечени 96 решенија за продажба на ѓубриво за 2016 година.
,, Од страна на министерството се повлечени 96 решенијаза ѓубриво за 2016 година. Нашата контрола продолжува и за 2017 и за 2015. И министерството и комисијата, институциите продолжуваат со работа во тој дел.,, рече Љупчо Николовски – министер за земјоделие
Министерот Николовски во Струмица ја посети и обуката на земјоделците за примена на современи агроеколошки мерки. Тој изрази задоволство од постигнатите резултати во првиот циклус и најави дека дел од мерките од овој проект ќе бидат опфатени и во националната програма за земјоделство и рурален развој. Обуките се одржуваат преку проектот за управување со сливот на реката Струмица кој се реализира со поддршка на УНДП.
,, Преку претходни слични проекти видовме дека со овој пристап бевме во можност да ја намалиме употребата на вода за 50 до 60% и да се намали употребата на пестициди и на вештачки ѓубрива за 20 до 30%.,, рече Луиза Винтон – постојат претставник на УНДП во Македонија
Обуката содржи интензивен теоретски и практичен дел кој ќе трае до крајот на март 2018 година. Во вториот циклус се вклучени повеќе од 80 земјоделски производители. Од нив, ќе бидат избрани најмалку 30 грантисти, 10 за овоштарство и 20 за градинарство кои ќе добијат грантови во висина од 300 000 денари . Средствата ќе ги добијат најдобрите учесници кои успешно ќе ја завршат обуката и ќе го положат тестот на знаење.