вестиТоп вести

„Агроунија“ 30 години во служба на развојот на македонското земјоделство

“Агроунија” ДООЕЛ ОГНЕН Скопје е производно-трговско претпријатие во приватна сопственост, основано од страна на инж. агр. Огнен Оровчанец во 1989 година во Скопје, Република Македонија.
Визијата во времето на основањето била да се создадат услови за научно- истражувачка активност и продолжување на селекционата работа – создавањето на нови сорти пченици и нивно одржување, која била започната од Илија Оровчанец, доктор на земјоделски науки и основоположник на селекцијата во Република Македонија, организирање на земјоделско производство и изградба на магацини каде би се доработувал семенскиот материјал од житни и други полјоделски култури. Семенскиот материјал кој би се произведувал би бил наменет за извоз.

По 30 години од основањето:

“Агроунија” има сопствен центар со над 2500 метри квадратни во чиј склоп се дирекцијата, централниот магацин, центарот за доработка на семе со капацитет од 1200 до 1500 тони семе, производен погон на добиточна храна и малопродажба.
“Агроунија” сега има шест продажни центри во кои се извршува промет со минерални ѓубрива, семенски материјали, средства за заштита на растенија, добиточна храна, материјали за земјоделие и ситна механизација.


Во “Агроунија” постои: континуирана научно – истражувачка активност; селекција, создавање нови сорти семенски пченици и тритикале. Во Република Македонија има регистрирани и признаени 18 сорти сопствени пченици и една сопствена сорта тритикале. Сортите од “Агроунија” се признати и во: Република Србија 4 сорти, Република Албанија – 8 сорти, Република Косово – 4 сорти, Босанска Краина – 4 сорти, Република Грција – 1 сорта и Република Бугарија – 3 сорти пченица и 1 сорта тритикале. Во моментот се во фаза на признавање уште сорти во Р. Бугарија, Р. Романија и Р. Турција.

Најновите резултати и хемиски анализи од Србија, од Бугарија и од Грција покажуваат дека во конкуренција со сите светски фирми кои се бават со селекција- создавање на нови сорти пченица, сортите создадени во Агроунија се со врвен квалитет, а со самото тоа што се признати покажуваат дека се подобри од постоечките.

“Агроунија” секоја година има сопствено производство на семе на 200 хектари со комплетна сопствена механизација и организирано производство на семе во соработка со други субјекти на дополнителни 200 до 300 хектари. “Агроунија” во сопственост има комплетен возен парк со лесни возила, комбиња и камиони.

“Агроунија” е асоцијативна членка на Факултетот за земјоделство при универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, има соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” – Скопје, како и со сите други позначајни институции во Република Македонија. Членка е и на Сојузот на Стопански Комори на Р. Македонија. “Агроунија” е добитник на повеќе награди и признанија како во Р. Македонија, така и во странство, а при тоа, во рамки на своите можности, е општествено одговорна и призната како фирма која ужива високо реноме за работата што ја обавува.
Во моментот “Агроунја” има голема соработка со сите поголеми организации во Република Македонија и со голем број меѓународни субјекти. Во моментот “Агроунија” е официјален застапник на повеќе странски фирми, од кои позначајни се: Ексклузивно застапништво на “Институт за Кукуруз – Земун Поље” Белград – Земун, од Р. Србија, официјален застапник на “SCHAUMANN“ – Р. Австрија, официјален застапник “Семенарнакооп” – Петроварадин, Р. Србија, официјален застапник на “AgroKalemPlod”- Р. Срија, официјален застапник на “DeNijs“ – Р. Холандија и други.

 

Во моментот “Агроунија” има под долгогодишни концесии 200 хектари земјоделско земјиште што се наоѓа над Манастирот Свети Ѓорѓија Делјадровци и со успех ги обработува, покажувајќи дека и покрај не најдобрата земја, со добра агротехника и добра технологија на производство може да се добијат сериозно добри земјоделски резултати.
Ценејќи го постигнатото во изминатиот период, сериозниот пристап кон работата и акумулираното искуство, сами по себе континуирано се поставуваат нови задачи и нови визии, со што би се создале предуслови за нови активности во иднина.

 

Научно-истражувачката дејност- селекција претставува создавање нови сорти пченици и континуиран процес со јасно изразени цели за сé поголем принос со сé поголем квалитет.
Годишно се сеат околу 3000 линии и голем број нови крстоски или се комбинираат постојаните сорти од асортиманот со кој располага Агроунија. При селекцијата посебно се внимава на здравствената состојба со примена на еколошки стандарди.

Агроунија располага со 200 хектари земјоделско земјиште на кое се организира намножување на семенски материјал од пченици по категории:
линии, предосновен, основен семенски материјал и категорија Ц1.
Како плодоред секоја година се организира сеидба на 30-40% од површините со семенски-добиточен грашок.
За земјоделското производство, Агроунија располага со најсовремена земјоделска механизација.

 

Целокупниот природен семенски материјал произведен на површините на Агроунија се доработува во сопствен центар за семе-доработка кој има капацитет 1200 до 1500 тони.

Центарот Агронија има одредена активност на производство на сточна храна, како и сите видови концентрирани производи за добиток.

 

Застапништва:

– “Институт за Кукуруз-Земун Поље” Белград-Земун Р.Србија
– “DeNijs“-Холандија
– “SCHAUMANN“-Австрија

– “Семенарнакооп”-Петроварадин Р. Србија

Трговија на големо

Трговијата на големо е специјализирана и исклучиво во функција за задоволување на потребите на земјоделското производство и тоа:

  • Промет на семенски материјал од житни, фуражни и индустриски култури, како и градинарски семиња
  • Промет со минерални ѓубрива, кристални ѓубрива, хумус и тресет
  • Промет со средства за заштита на растенијата
  • Промет со репро материјали(полиетиленски фолии, полиетиленски везива, амбалажа и друго)

Трговија на мало

Трговијата на мало се врши во сопствена малопродажна мрежа, сопствени малопродажни објекти во:
-Агроунија- Драчево, Агроунија-Петровец, Агроунија-Марино, Агроунија-Стајковци,Агроунија-Бутели Агроунија- Сарај.
Во состав на секој малопродажен објект се врши промет на семенски материјал, минерални ѓубрива, средства за заштита, а на одделен простор и добиточна храна.

З.Б.

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close