fbpx
ВестиТоп вести

Земјоделците од пелагониско од денес ќе пријавуваат штети од невремето

Штетата која ја направи времето викендов во Могила е голема, а таа се движи од 70-80%, додека на некои места е 100%. Советот на Општина Могила вчера одржа вонредна седница на која се расправаше за природната непогода која ја зафати оваа општина. Претседателот на Советот, Александар Јанкуловски за Сител вели дека најпогодено е селото Српци, а оштетени се градинарските култури, доматот и пиперот, житните култури и тутунот.

Земјоделците од денес во наредните четири работи дена ќе можат да ги пријавуваат штетите. Од општина Могила апелираат попрецизно да ги обележат парцелите, но и да се организираат заедно по местата со цел општинската комисија побрзо да ги направи проценките. Откако земјоделците ќе ги поднесат барањата, после вторник наредната недела, комисијата ќе излезе на терен. Проценката на оваа комисија ќе биде првична, а потоа ќе се чека од министерствата и бирото за судско вештачење за да дадат завршна проценка.

Од општината апелираат до надлежните министерства максимално да се вклучат, затоа што се работи заголеми штети и да се најде начин да им се помогне на земјоделците.

Овој регион беше погоден од невреме и пред 20 дена кога најпогодени беа Могила и Радобор, а досега се поднесени 188 барања за проценка на штетата.


 

сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close