fbpx
Вести

Земјоделците со уништени оранжерии чекаат помош од владата

oranzerii

Повеќе стотици илјади евра е штетата на земјоделците од минатомесечниот снег и ниските температури. Вака велат од здружението Кукла градинар од Куклиш кои тврдат дека кај домакинствата кои има уништени оранжерии од снегот штетата се движи од 10 до 12 илјади евра.

Снегот кој пагаше уништи над 100 орнажерии во струмичко за што земјоделците бараат помош.
„Не само што оранжериите не можат да се реконструираат, туку треба одново да се направат. Тука имаме и расад кој нема каде да се засее“ – вели Драги Памуков од здружението Кукла градинар.
 На терен деновиве е и општинската комисија за проценка на штети. Вршат увид на по населените места каде снегот направи штети. До нив се пристигнати 65 барања за увид и проценка на штетата. Од комисијата велат дека дали ќе има обештетување ќе зависи од Владата.
„Комисијата прави завршен елаборат кој ќе биде доставен до Советот на општина Струмица на усвојување. Вообичаено советот таквите елаборати ги изгласува и дава зелено светло, потоа се  доставува до републичката комисија за проценување штети каде што се прави дополнителен увид и потоа се доставува до Владата на РМ која носи одлука дали ќе бидат обесштетени и ако се, со колкав процент“ – вели претседателот на Комисијата за проценка на штети Ацо Ѓеорѓиев
Земјоделците деновиве се на терен за да ги приспособат колку толку оранжериите бидејки треба да ги засадат раноградинарские култури. Најпогодени се земјоделците од Куклиш но и од други наслени места.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close