fbpx
Вести

Земјоделците стартуваа со прихранување на посевите, оштетувањата се минимални

posevi

Во Пелагонија почна прихраната на есенските посеви. Според првичните процени, штетите од ниските температури се минимални. Земјоделските експерти советуваат какви ѓубрива да се користат. Повик до тутунарите и раноградинарите, расејувањето на леите да го почнат кога утринските температури ќе бидат над нулата.

Во најголемата житница се назира зелениот тепик. Првичните проценки се дека есенските посеви зимава одолееја на екстремно ниските температури и зголемената влага. Оштетувања се минимални, и главно ги има во сугарните ниви, вели земјоделецот Гоце Трајковски. Според него временските услови овозможија навреме да се започне операцијата на прихранување затоа што посевите сѐ уште се наоѓаат во таканаречената стрес вегетациона состојба.

Став со кој се согласуваат и експертите, но се децидни во тоа кој агротехнички препарати да се користат.

Пелагониските земјоделци веќе стануваат свесни дека климатските промени им создаваат се поголема главоболка. Напоредно ги зголемуваат опитните парцели со селекциониран семенски материјал.

Експертите со апел и до тутунарите и производителите на раноградинарски култури. Велат, оптималниот рок е до средината на идниот месец, а моменталните временски услови не се идеални за расејување на леите.

Климатските промени Македонија сѐ почесто ќе ги чувствува па затоа земјоделците ги повикува да аплицираат во мерката на кофинансирање со 60-сет посто од страна на државата и ќе бидат осигурани нивните парцели од град, снег, мраз и поплва.


 

мрт

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close