fbpx
Вести

Земјоделците тактизираат за договори со преработувачите

Земјоделците се уште се резервирани за склучување договори со преработувачките капацитети за предавање на црвените пиперки од годинашниов род. Иако минатата недела во Струмица, во присуство на министерот за земјоделство Михаил Цветков, беа утврдени минимални цени за предавање во конзервно преработувачката индустрија, сепак, земјоделците тактизираат и чекаат да видат каква ќе биде побарувачката за ова култура, која годинава во земјава ја има насадено на околу 3.000 хектари.

zemjodelcite taktiziraat za dogovori so prerabotuvachite

 

„Се уште постои недоверба кај земјоделците во преработувачите. Обично, договори се прават пред чинот на предавање на производството кај преработувачите. Резервираноста се должи од неизвесноста какви ќе бидат понудата и побарувачката од црвена пиперка на пазарот. Но уверени сме дека со воведувањето неделни цени, ќе нема многу осцилации. Инаку, утврдените минимални цени се прифатливи, бидејќи за секој предаден килограм црвена пиперка кај преработувачите, следуваат по 2,5 денари за килограм, a се добиваат и субвенции во висина 25 илјади денари за хектар”, вели Ванчо Митев од Сојузот на земјоделци регионален центар Струмица.

Минатата недела, преработувачите и земјоделците се договорија екстра-класа црвени пиперки да се откупуваат по цена од над 24 денари, прва од 20 до 22 денари, втора 12-13 и мешавина од прва и од втора класа да се откупува по цена од 17 до 18 денари. Се очекува производството оваа година да биде околу 60 илјади тони, а надлежните нема да дозволат увоз за преработувачите се додека целосно не се откупи домашното производство со црвени пиперки.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close