fbpx
ВестиВидео/интервјуаМеханизацијаТоп вести

Во Кадино село беше промовиран новиот трактор John Deere 3045 B (видео)

Промовиран новиот трактор John Deere 3045 B (видео)

 

Во рамки на своите активности да им ги доближи на земјоделците најновите техничко технолошки достигнувања во земјоделската механизација  Синпекс Битола организираше промоција на најновиот John Deere 3045   од серијата B.

 

Се работи за тракторот  од серијата B, со четири цилиндричен мотор, 45 коњски сили и со погон на сите тркала. Компактен и практичен трактор кој поседува серво управувач, целосно затворена предна оска, тегови и заштитен рол-бар. Негови адути се големата моќност, малата ширина и меѓуоскино растојание како и  малиот радиус на вртење.

Тракторот се очекува да биде пуштен во продажба кон крајот на годинава, а дотогаш секој заинтересиран  може да го види и тестира во СИНПЕКС, а има можност овој трактор да да оди до местото каде што има повеќе заинтересирани лица да се запознаат со неговите перформанси и на лице место да се уверат во неговите квалитети.

Квалитетите на овој трактор  овозможуваат да се извршуваат најразлични активности. Погоден е за орање, за меѓуредна обработка на почва во овоштарниците и во лозови насади. Тимот на Синпекс Битола ја задоволи љубопитноста на заинтересираните  земјоделци од Кадино село. Во овој пробен тест период секој земјоделец , доколку сака, може овој трактор да го испроба и сам да се увери во неговите карактеристики за кои гарантира производителот.

 

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close